Познати се сите финалисти на Х-фактор: Нашиот Давид Темелков е новата ѕвезда


Познати се сите финалисти на Х-фактор: Нашиот Давид Темелков е новата ѕвезда

Се одржа и втората половина од изборот на финалисти, во која за останатие финалисти одлучуваа Александра Ковач и Тончи Хулиќ.

poznati-se-site-finalisti-na-x-faktor-david-od-makedonija-e-novata-zvezda-01

Во категоријата машки пејачи до 27 години, каде спаѓаа и Македонците Давид Темелков и Боби Мојсовски, Александра со помош на Калиопи ги одбраа тројцата најдобри.

Меѓу нив остана само еден Македонец, Давид Темелков, кој дури доби коментар од водителот дека новата ѕвезда е родена. Тој ја испеа „Angels“ од Роби Вилијамс и уште еднаш ги освои сите симпатии.

Покрај него избрани се и Илија Михајловиќ и Антонио Криштовиќ.

Во другата категорија на бендови, Тончи со помош на Петар Грашо ги одбра најдобрите според него и одлучи понатаму да продолжат: Инфинитис, АнџелиНЕ и 9 Control.

poznati-se-site-finalisti-na-x-faktor-david-od-makedonija-e-novata-zvezda-1.jpg

Овие 6 финалисти се приклучуваат на претходно избраните 6 финалисти од страна на Жељко Јоксимовиќ и Масимо Савиќ.

Покрај нив, по избор на публиката ќе може да се врати еден натпреварувач од оние кои испаднаа и да им се придружи на избраните 12.

Наскоро почнуваат нови возбуди во емисиите во живо.

Погледнете го настапот на Давид кој тој вчера го објави на својот Фејсбук профил: