Х-фактор: Давид Темелков продолжува понатаму, Боби се враќа, Инфинитас отпаѓаат
Се одржа првата емисија во живо кога сите кандидати настапуваат пред публиката и жирито со комплетен настап и од кои ќе треба да се избере годинашниот победник.
Како што лани наш единствен претставник беше Даниел Кајмаковски, оваа година таа улога ја има Давид Темелков.
Уште од самиот почеток тој има етикета на фаворит, а со оглед на тоа во какво светло се покажува, целосно ја оправдува и заслужува.
Во првата емисија настапи 4-ти по ред со песна од легендарната група Queen, „Who wants to live forever“, која звучеше многу моќно и сигурно со неговата изведба.
Коментарите на сите членови на жирито беа позитивни и само со пофални зборови, а на крајот истото го потврди и публиката со своите гласови.
Според гласовите и изборот на публиката, како најслаби се покажаа секси девојките „Анџелине“ и семејниот бенд „Инфинитас“. По дуелот со по уште една песна , жирито одлучи да останат „Анџелине“.
Од гласовите за враќање на еден од испаднатите кандидати, одлуката падна на Аднан и Тарик, но продукцијата на големо изненадување одлучи да врати уште тројца: Highway Trio, Милан Буклиќ и нашиот Боби Мојсовски.