Давид на Х-фактор како Калиопи на Евровизија (видео)

Втората емисија во живо на музичкото шоу „Х-фактор Адриа“ беше теметска и посветена на Евровизија, па затоа кандидатите пееја некои од изминатите евровизиски хитови.

david-na-x-faktor-kako-kaliopi-na-evrovizija-01

Бидејќи вкупно се 16 кандидати, поделени се по 8 во две вечери. Во првата, покрај дуото Аднан и Тарик, Антонио Криштовиќ, Никола Марјановиќ, Јелена Џуриќ, Милан Букилиќ, Нина Симиќ и 9 Control, како последен настапи нашиот Давид Темелков.

Тој ја изведуваше македонската евровизиска песна „Црно и бело“ од Калиопи. Покажа моќен и енергичен настап со кој повторно ја освои и публиката и жирито, иако од Жељко и Масимо доби забелешки дека не му лежат многу вакви песни и дека треба да внимава кога одбира.

За Александра пак, тој е дефинитивно најдобар и еден од главните фаворити за првото место.

Во оваа емисија, песна за спас пееја Никола Марјановиќ и Милан Букилиќ, а прв кој го напушти шоуто е Никола.

Во следната емисија, каде ќе настапуваат останатите 7 кандидати, треба да го видиме и вториот македонски претставник, Боби Мојсовски, кој се врати благодарение на смс гласовите од фановите и продукцијата на Х-фактор.

Погледнете го неговиот настап:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg