Боби Мојсовски е во финалето на Х-фактор! (видео)


Боби Мојсовски е во финалето на Х-фактор! (видео)

Ниту еднаш досега не разочара и не се најде во дуел со песна за спас, туку секојпат ги воодушевува сите.

bobi-mojsovski-e-vo-finaleto-na-x-faktor-video-001

Нашиот Боби Мојсовски од Охрид, кој досега беше прогласуван за крал на баладите, покажа дека одлично се снаоѓа и во побрзите песни со повеќе движење.

Во полуфиналето на Х-фактор тој ја испеа „Counting stars“ од One Republic, која им ја посвети на родители и приреди вистинско шоу за уживање.

Сите членови на жирито беа воодушевени, особено од неговите гласовни можности и сигурните високи тонови, како ретко кој машки пејач на Балканот.

Публиката постојано го поддржува и гласа, па и овојпат се покажа дека има голем број фанови кои со своите гласови придонесоа тој да биде еден од шесте супер финалисти на 21 јуни каде ќе пее пред полната Комбанк Арена и можеби ќе биде победник на второто издание на Х-фактор Адриа!

Погледнете го неговиот настап:

Би можело да ве интересира:

Амел Чуриќ е победник на Х-фактор Адриа, Боби е втор (видео) Се одржа и големото финале на Х-фактор Адриа во кое се избра новиот поедник, Аме...
Х-фактор: Боби прв во полуфинале, Давид испадна (видео) Тоа што во претходната емисија сите кандидати успеаја да се спасат, оваа вечер п...
Пикантни детали за Х-фактор: Боби ја запознал девојката преку Твитер, Антонио првите 3 години бил во... Се ближи највозбудливата фаза на Х-фактор Адриа кога следуваат полуфиналето и фи...