Љубовен хороскоп за април 2023: Бикови – авантура со зафатена личност, Риби – љубоморни испади од ваша страна

Близнаци – мора повеќе да се адаптирате на промените на партнерот, без разлика колку напорно ви изгледа тоа. Внимавајте што правите, бидејќи партнерот нема така лесно да ви ги заборави грешките. Што ве очекува на поле љубов овој април, според астрологијата?

ljuboven-horoskop-za-april-2023-bikovi-avantura-so-zafatena-lichnost-ribi-ljubomorni-ispadi-od-vasha-strana-01.jpg

За некои хороскопски знаци, април ќе донесе позитивни промени во љубовта, но за некои ќе биде исполнет со конфликти.

Додека некои ќе разговараат за брак или проширување на семејството, други ќе имаат проблеми со љубомора и посесивност.

Прочитајте си го љубовниот хороскоп за април 2023:

Овен

Ако сте во врска:

Доколку сте во нова врска, можни се проблеми со партнерот. Едниот од вас ќе покажува поголем интерес за другиот и ќе имате различни очекувања од врската. Ако сте во брак или сериозна врска, бидете особено внимателни со вашето однесување – избегнувајте жестоки расправии и никако не донесувајте импулсивни одлуки. Пробајте да покажете разбирање за недостатоците на партнерот.

Ако сте слободни:

Овој месец ве очекува интересна средба настрана од вашето место на живеење или со личност која е од друг град, но често патува во вашиот. Ќе ја добиете поддршката од пријателите за оваа нова врска, а и ќе ви помогнат да се покажете во најдобро светло. Сепак, романсата најверојатно нема да трае долго, освен ако не сте подготвени за сериозна врска, па и брак.

Бик

Ако сте во врска:

Подготвени сте да работите на проблемите со партнерот, но во првата половина од месецот нема да постигнете значителни резултати. Ќе треба да се потрудите за да му го привлечете вниманието на партнерот и да го натерате да се фокусира на конфликтите меѓу вас. До крајот на месецот би требало да ги решите проблемите и конечно да уживате во хармонија.

Ако сте слободни:

Периодов сте многу повлечени, но овој месец можно е да почнете тајна врска. Новиот партнер може да биде многу постар од вас или личност која е многу моќна. Можно е и да станува збор за личност која веќе е во врска. Нешто од сето ова ќе биде причина за желбата за криење.

Близнаци

Ако сте во врска:

Овој месец ќе мора повеќе да се адаптирате на потребите на партнерот, без разлика колку напорно ви изгледа тоа. Дајте му ја вашата поддршка и наскоро ќе бидете пријатно изненадени. До крајот на април можни се и неколку караници предизвикани од љубомора. Внимавајте што правите бидејќи партнерот долго ќе ви ги помни грешките.

Ако сте слободни:

Месецов ве очекуваат многу познанства, а можни се и неколку кратки авантури. Сепак, најмногу внимание ќе ви привлече амбициозна и успешна личност која и самата ќе покаже интерес за вас. Генерално, ве очекуваат многу (позитивни) промени на поле љубов, а вие само треба да се адаптирате на нив.

Рак

Ако сте во врска:

Месецов ќе се фокусирате на заедничкиот дом со партнерот. Доколку сè уште не живеете заедно, овој април најверојатно ќе се одлучите на тој чекор. Подгответе се и за мали проблеми во врската, за кои партнерот нема да преземе никаква инцијатива да се решат. Сепак, до крајот на месецот ќе успеете да ја смирите ситуацијата.

Ако сте слободни:

Можете да очекувате средба со личност која живее во странство или која наскоро планира да се отсели. Ќе почнете да се гледате, без разлика што можеби нема да можете да ја продолжите врската. Голема е веројатноста и да почне да ви се допаѓа некој нов колега, а во овој случај најдобро не брзајте со одлуките и добро размислете за последиците.

Лав

Ако сте во врска:

Мора да му покажете повеќе разбирање на партнерот. Ве очекува проблематичен месец, па и двајцата ќе треба да се согласите на компромис ако сакате да ги избегнете жестоките караници, па дури и раскинувањето. Вашето его ќе биде еден од најголемите проблеми, па поработете на тоа.

Ако сте слободни:

Ќе флертувате со многу луѓе, а сосема возможно е и да почнете врска, но ќе сакате да ја чувате во тајност. Поради вашата желба за авантура, но и неможноста да покажете разбирање, врската најверојатно нема да потрае. Ова нема да ве погоди многу и речиси веднаш ќе тргнете во потрага по нов партнер.

Девица

Ако сте во врска:

Овој месец ќе ја подобрите комуникацијата со партнерот, а ова ќе ви овозможи да решите многу проблеми. Поради досегашните случувања, детално ќе го анализирате вашиот однос и ќе дадете сè од себе за да ги избегнете непотребните конфликти. Генерално, ве очекува мирен месец и бројни убави мигови со саканата личност.

Ако сте слободни:

Ве очекува период на нестабилност во љубовта. Ќе имате многу можности за флертување, па и кратки авантури, но скоро целиот месец нема да најдете партнер за сериозна врска. Дури кон крајот на месецот можно е да сретнете личност која ќе ви ја врати вербата во љубовта и со која ќе почнете врска со потенцијал да трае многу долго.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg