Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни испади

Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да се гледате може да биде потенцијален брачен партнер.

ljuboven-horoskop-za-fevruari-2024-vaga-mislite-deka-partnerot-ve-izneveruva-oven-ljubomorni-ispadi-01.jpg

Што ве очекува на љубовно поле во февруари 2024? Дали ќе ги решите проблемите со партнерот или ќе имате хармоничен месец исполнет со многу љубовни доживувања?

Или, ќе проба да ви се врати некој од минатото и да ви го разниша секојдневието?

Љубовен хороскоп за февруари 2024:

Овен

Ако сте во врска

Во првата половина на месецот можни се несогласувања со партнерот, како и лаги и тајни кои ќе влијаат на врската.

Ако сте во брак, можеби е добро да престанете да се „демнете“ со сопругот/а на социјалните мрежи, и да си дадете малку оддишка.

Можни се љубоморни испади кои нема да ви донесат ништо добро.

Ако сте слободни

Во втората половина на месецот ве очекува многу флертување.

Ова е добар период и да ги споите љубовта и пријателството и да почнете врска со некој за кого претходно сте имале само пријателски емоции.

Или, ќе запознаете некој нов со помош на пријателите.

Бик

Ако сте во врска

Ова е месец на несогласување со партнерот, па подгответе се за турбулентен период.

Партнерот на секој начин ќе се обиде да влијае на вашето мислење, а тоа нема да ви се допадне.

Во животот на некои Бикови ќе се појави и партнер од минатото, што може да ја разниша сегашната врска.

Ако сте слободни

Втората половина на февруари носи љубовна возбуда.

Некои Бикови може да почнат нова врска или да обноват некоја стара романса.

Но, ќе има и такви кои преку работата ќе запознаат некој нов и интересен.

Близнаци

Ако сте во врска

Во првата половина на месецот ќе вложите многу енергија за да ја одржите врската, а партнерот ќе има премногу барања од вас, кои ќе ви изгледаат чудно.

Ако сте во брак, партнерот можеби ќе ве изненади со некои свои изјави, однесување и ставови.

Ќе сфатите дека некои проблеми што ги имате тешко се решаваат.

Ако сте слободни

Доколку сте сингл, втората половина на февруари ќе ви донесе интересни моменти.

Можно е да запознаете некого на јавен собир, концерт или во дискотека и да почнете комуникација која ќе се претвори во врска по некое време.

Не ги брзајте работите, оставете да течат полека.

Рак

Ако сте во врска

На почетокот на февруари партнерот може да ве изненади со патување или со предлог каков што не сте очекувале.

Иако работите делуваат идеално, тоа ќе се смени до крајот на месецот, кога ќе почнат недоразбирања и караници.

Ако сакате да ја задржите врската, бидете потолерантни кон партнерот и не реагирајте грубо на неговите коментари.

Ако сте слободни

Во првата половина од месецот, некои Ракови ќе имаат можност да почнат врска со некој нашинец што живее во странство или со некој кој има друго потекло, од некој оддалечен дел од светот.

Некои, пак, можеби ќе запознаат личност преку социјалните мрежи која ќе им го привлече вниманието.

Лав

Ако сте во врска

Лавовите кои се во врска ќе сакаат да го дефинираат својот однос со партнерот и да знаат дали имаат заедничка иднина или не.

Првата половина на месецот носи многу непријатности и расправии за сите што се во брак или долга врска.

Сепак, по неколку турбулентни недели, работите ќе се смират пред крајот на февруари.

Ако сте слободни

Слободните Лавови ќе имаат мирен месец на љубовен план.

Но, тоа ќе биде така само ако не ви се појави некој поранешен партнер, чие присуство ќе ве вознемири.

Доколку не се чувствувате добро, прекинете ја комуникацијата, нема ништо да загубите.

Девица

Ако сте во врска

Во првата половина на февруари е нагласена нервозата поврзана со партнерот.

Обидете се да се смирите, бидејќи вашиот партнер нема да покаже многу разбирање за вас и тоа што ве мачи.

Ако сте слободни

Ова ќе биде мирен месец на љубовно поле.

Иако некои Девици ќе сакаат да почнат врска, веројатноста дека ќе запознаете некој што ќе ви се допадне е многу мала.

Не ги силете работите и не пробувајте да си ја исполните желбата по секоја цена, ќе се разочарате.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg