Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“?

Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на партнерот или да пробате некои нови работи што ќе ви помогнат да „го зачините“ сексуалниот живот.

erotski-horoskop-za-2024-koj-kje-bide-sklon-na-aferi-i-preljubi-a-koj-e-opsednat-so-srodnata-dusha-01.jpg

Каква ќе ви биде 2024 на љубовен и емотивен план?

Кај кои хороскопски знаци желбата за секс ќе почне да опаѓа, а кои ќе бидат опседнати со љубовниот живот?

Дознајте каква ќе ви биде 2024 на емотивен план и како ќе се одрази врз вашиот интимен живот:

Овен

2024 ќе биде годината кога ќе забележите благ пораст на страстите и емоциите. Некои претставници на знакот ќе бидат фокусирани повеќе на личниот развој и на самоспознавањето, па може да одлучат да влезат во сериозни врски.

Исто така, можно е зближување со некои луѓе што веќе ги познавате, или да запознаете некоја нова личност што ќе ви ги разбуди страстите.

Иако може да се случи на почетокот на 2024 да не бидете премногу заинтересирани за секс, со текот на месеците ќе чувствувате како вашето либидо се засилува и нема да сакате да ги пропуштите сите можности што ви се нудат.

Без разлика дали ќе бидете во врска или сингл, 2024 ќе биде година за паметење, поради големиот број авантури и незаборавни доживувања.

Бик

Биковите во 2024 ќе бидат сконцентрирани на тоа да се посветат на врските и на подобрување на емотивната состојба.

Ќе научите дека е неопходно да бидете отворени и искрени и да зборувате за сопствените потреби, а поволната состојба на другите полиња ќе се отслика и на емотивен план, па ќе бидете поопуштени од вообичаено.

Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на партнерот или да пробате некои нови работи што ќе ви помогнат да „го зачините“ сексуалниот живот.

Но, ќе бидете малку срамежливи кога ќе треба отворено да зборувате за сопствените желби и нема да се осмелувате да го направите првиот чекор. Затоа, потребата за блискост ќе ја надополнувате со голем број прегратки и интимни мигови.

Близнаци

2024 ќе биде година во која ќе сакате да експериментирате на љубовен план.

Постои можност за нови и возбудливи романтични врски за претставниците на знакот што се сингл, а оние во врска може да очекуваат подобрување на комуникацијата и односите со партнерот.

Годината ќе ја започнете со мошне изразено либидо, кое ќе се задржи до февруари, но потоа можни се повеќе стресни ситуации во другите аспекти од животот што едноставно нема да ви дозволат премногу да размислувате за сопственото задоволство.

Но, затоа, оние ретки искуства што ќе ги имате ќе бидат незаборавни.

Рак

Нема да бидете премногу расположени за да направите некои измени на љубовен план на почетокот на годината, но како што минуваат месеците, состојбата ќе ви се подобрува.

Ова ќе биде година кога ќе мора да научите дека треба гласно да кажете што е она што ви пречи во врските, за да можете да ја подобрите комуникацијата.

Можно е да започнете врска со некоја личност со којашто долго време не сте биле во добри односи, а оние во врска ќе дадат сѐ од себе за да ја одржат хармонијата во врската.

На еротски план, ќе мора да научите да кажете гласно што е тоа што ви пречи во сексот и зошто не се чувствувате исполнето. Ќе треба да се потрудите да најдете заеднички јазик со партнерот и да истражите што е она што ве возбудува.

Некои претставници на знакот можно е да одлучат да стават крај на постоечката врска и да се впуштат во нови авантури во кои ќе се чувствуваат посреќни.

Лав

Ѕвездите ви се наклонети на поле љубов, па во 2024 ќе биде нагласена вашата потреба за страст и романтика.

Нема да имате проблем јавно да ги искажете вашите чувства, а тоа ќе го направите на креативен начин.

На поле секс, ќе има месеци кога ќе бидете мошне активни, а потоа можно е да правите и подолги паузи, затоа што ќе бидете преокупирани со другите случувања во животот.

Сепак, добро ќе биде да не заборавите дека и партнерот има потреби и дека не смеете да го заборавите.

Во периодите кога нема да имате доволно време за секс, добро би било да му обрнете внимание на партнерот и да не заборавите дека и тој има потреба од нежности.

Девица

На почетокот на 2024 ќе ви се чини дека љубовниот живот ви е како хорор филм, но нема потреба да очајувате, затоа што веќе од февруари состојбата ќе ви се подобри.

Девиците често влегуваат во врски од прагматични причини и сакаат работите да бидат константни и непроменливи.

Затоа, можно е годинава да се посветат на поставување цврсти основи за љубовните врски, или да започнат врска со личност што им овозможува да растат и да се развиваат и самостојно, и како пар.

Во основа ова ќе биде одлична година во поглед на сексуалниот живот. Некои претставници на знакот може да го најдат својот идеален партнер, со кого ќе сакаат да го поминат животот. Другите, пак, ќе бидат задоволни и со ретките мигови исполнети со страст и возбуда.

Единствен период кога ќе имате проблеми на овој план е во периодот околу август.

Можно е некои проблеми на другите полиња во животот да предизвикаат пад на либидото, но тоа ќе биде период што брзо ќе го оставите зад себе.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
6 хороскопски знаци чија добрина ја злоупотребуваат другите Итрите и себични луѓе знаат колку Биковите се лесни за манипулација, па често ја...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
Кинески хороскоп за 2024-та: Што ве очекува во годината на змејот? Кој ќе доживее духовно будење, а кој ќе се соочи со финансиски проблеми? Кој ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg