Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“?

erotski-horoskop-za-2024-koj-horoskopski-znak-kje-bide-sklon-na-aferi-i-preljubi-a-koj-kje-bide-opsednat-so-srodnata-dusha-02_copy.jpg

Вага

На почетокот на годината ќе имате зголемена желба за љубов и страст. А, на најголем број Ваги целта ќе им биде да воспостават хармоничен однос и баланс во љубовниот живот.

Ова ќе биде година во која ќе мора да научите дека треба да бидете отворени за сопствените потреби, да направите отстапки и да соработувате заедно со партнерот за да си го подобрите заедничкиот живот.

Во текот на зимата ќе се соочите со намалено либидо, но доаѓањето на пролетта кај вас ќе го зголеми апетитот за секс и за незаборавни авантури.

Ќе се трудите да го живеете животот во полн здив и ништо нема да може да ве запре: ќе направите сѐ за да ги остварите сопствените желби и фантазии, но и да ги исполните очекувањата на партнерот.

Скорпија

На почетокот на годината ќе делувате студено и недостапно, но работите ќе се променат во февруари. Претставниците на знакот што се во врска може да искусат поинтензивни и подлабоки интимни односи со партнерот.

Слободните ќе бараат партнери што може да им овозможат поголем раст на секој план и промена, па затоа најважно ќе им биде да започнуваат врски или авантури само со оние личности со коишто чувствуваат емотивна поврзаност.

На поле секс, ќе треба да помине малку подолг период за работите да се подобрат, но од април натаму, вашето либидо ќе биде мошне истакнато, па конечно ќе се чувствувате како да сте во сопствената кожа.

Сепак, интересно ќе биде што во 2024 повеќе ќе бидете сконцентрирани на романтика, отколку на секс. Па, нема да бидете премногу заинтересирани за авантури за една ноќ, туку ќе се впуштите во потрага по значајни врски.

Стрелец

На поле љубов работите ќе се подобрат од март. Некои претставници на знакот ќе бидат сконцентрирани на наоѓање животен партнер, а други, пак, на кратки авантури.

Сепак, добро би било да не ги отфрлате веднаш можностите што ви се нудат и на некои луѓе да им дадете шанса да ви покажат како би можеле да се одвиваат односите понатаму.

Сексуалните апетити ќе бидат изразени во текот на целата година, но кулминацијата ќе биде во текот на летните месеци.

Ќе имате потреба за сензуалност и да се чувствувате живи...

Можно е да се впуштите и во некои неочекувани авантури и афери само за да покажете дека сѐ уште ја поседувате моќта за заведување, но имајте предвид дека до крајот на годината ќе мора да бидете целосно искрени и да си признаете какви ви биле намерите.

Јарец

Годината ќе ви започне исполнета со љубов и страст, а може да заврши неславно ако не успеете да ја скротите сопствената љубомора.

Голем број Јарци во 2024 ќе бидат посветени на креирање сериозни врски и стабилен однос со партнерите. Ќе имате можност за долгорочно планирање и за да ги поделите обврските, а ќе се истакнете и со тоа што постојано ќе имате разбирање за потребите на партнерот.

Вашето сексуално либидо ќе биде изразено во пролетниот период, ќе опадне во текот на летото, а потоа пак ќе се засили во есенските месеци.

2024 ќе биде година кога Јарците ќе му бидат целосно верни на партнерот. Целта ќе им биде да ја најдат и да ја зачуваат сродната душа, а додека се во потрага по неа, нема да ги пропуштат и можностите за краткотрајни авантури што ќе им овозможат да се чувствуваат среќни барем за миг.

Водолија

На љубовен план 2024 ќе ви започне магично, но можно е да се претвори во бојно поле кон средината на годината.

На партнерот нема да му се допаѓаат вашите инвентивни и уникатни идеи за заедничкиот живот, па тоа може да биде причина за голем број конфликти и недоразбирања, а среќа ќе имаат само оние Водолии што се во врска со луѓе кои знаат да ја ценат нивната индивидуалност и нивната слобода.

На интимен план, на почетокот на годината можно е да имате силно либидо, а кон средината целосно да ја загубите потребата за блискост и размена на нежности.

Огромно влијание ќе имаат и случувањата на другите полиња во животот, а ќе мора да научите како да бидете потрпеливи и да не дозволите ситните недоразбирања во целост да ви го уништат интимниот живот.

Риби

Од февруари до мај ќе имате период исполнет со романтика и размена на нежности.

Во јуни веќе ќе бидете многу посконцентрирани на личниот развој и ќе почнете да барате емотивни врски што целосно ве исполнуваат, а слободните ќе бидат фокусирани на наоѓањето на сродната душа.

Во оваа потрага целосно ќе се потпрете на вашите интуиција и емпатијата, а нема да прифаќате ништо друго освен длабока и безусловна љубов.

Во 2024 ќе забележите дека станувате преокупирани со секс и тоа ќе трае сѐ до септември или октомври кога ќе забележите дека желбата за секс опаѓа.

Но, во последните месеци од годината ќе надополните за тоа што сте го пропуштиле.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Кој е вашиот несреќен број (и зошто), според хороскопскиот знак? Овен - Вашиот несреќен број е седум. Овој број има навистина негативно влијание ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg