Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недостигаат додворувачи

Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. Ако сте во долга врска, можно е да размислувате за брак, деца или преселба во друга земја со партнерот.

ljuboven-horoskop-za-oktomvri-2023-ovni-potrudete-se-da-ja-spasite-vrskata-vagi-nema-da-vi-nedostasuvaat-dodvoruvachi-01.jpg

Што ќе ви приреди овој октомври на поле љубов? Дали ќе го подобрите или заладите односот со партнерот?

Дали постои можност да ставите крај на врската? Ако сте сингл, дали можеби конечно ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот?

Љубовен хороскоп за октомври 2023:

Овен

Ако сте во врска

Ако сакате да ја спасите врската, на почетокот од месецот ќе мора да бидете внимателни. Партнерот сака повеќе внимание од вас и ќе има повисоки барања. Ова, пак, може да предизвика гнев и нервоза кај вас. Во втората половина од месецот почнува подобар период и би требало да најдете решение за проблемите.

Ако сте слободни

Ако планирате да ѝ се додворувате на личноста што ви се допаѓа, ќе мора да бидете пофлексибилни. Доколку уште трагате по оваа личност, во втората половина од месецот можно е да почнете врска, па дури и да се вљубите за многу краток период. Ќе бидете подготвени да го дадете најдоброто од себе и да жртвувате многу за оваа врска.

Бик

Ако сте во врска

Можно е да се сомневате во намерите на партнерот, особено ако сте во брак. Сепак, брзо ќе се ослободите од сомнежите и ќе барате начин да ја вратите довербата во врската. До крајот на месецот ќе можете да реализирате некоја заедничка цел и, генерално, да го подобрите односот.

Ако сте слободни

Најверојатно ќе почнете врска со личност која навистина сака да биде со вас. Овој нов партнер ќе биде подготвен на сè, само за да бидете заедно, дури и ако треба да ја криете врската од сите околу вас. Овој нов партнер може да биде и стар познаник или колега, односно личност која ја знаете подолго време.

Близнаци

Ако сте во врска

Можно е да се најдете во ситуација којашто ви изгледа безнадежно. Пред да почнете да се расправате со партнерот, прво бидете искрени со себе и добро размислете што навистина сакате. Бидете поодговорни кон партнерот, но и кон себе. Ќе треба да играте со отворени карти и ќе ги надминете проблемите.

Ако сте слободни

Можно е да се родат чувства кон познаник или пријател. Сепак, оваа личност најверојатно нема да биде подготвена за нешто повеќе со вас. Ќе имате и можност да запознаете некоја нова личност – на настан или преку интернет – по што веројатно ќе почнете врска со потенцијал да трае навистина долго.

Рак

Ако сте во врска

Потребата да направите некоја промена може да ве натера да направите грешка, па дури и во афект да раскинете со партнерот. Бидете реалистични со вашите очекувања и пробајте смирено да ги решите конфликтите со партнерот пред да направите грешка што нема да можете да ја поправите. Ако го смените односот, постои шанси да ја спасите врската.

Ако сте слободни

Ве очекува несигурен период на поле љубов, особено ако има личност којашто ви се допаѓа. Во втората половина од месецот можно е да продолжи несигурноста, но поверојатно е дека ќе ја преземете контролата во вашите раце. Ако почнете врска, внимавајте да не бидете нападни и да не ги наметнувате вашите потреби и желби.

Лав

Ако сте во врска

Се наоѓате на раскрсница кога станува збор за љубов, само бидете внимателни. Ако избрзате со некоја одлука можете да направите огромна грешка. Ќе се двоумите дали вреди да продолжите со врска која во моментов ви се чини напорна. Но, во голема мера овие мисли се поради вашето преголемо его. До крајот на месецот ќе дојдете до решение.

Ако сте слободни

Можно е да почнете кратка авантура со личност која е многу слична на вас. На почетокот нема да сакате ништо сериозно, но најверојатно ќе се родат чувства меѓу вас. Проблем може да ви претставуваат грешките од минатото, особено ако постои нерешен конфликт со поранешен партнер. Пробајте да го оставите ова зад вас.

Девица

Ако сте во врска

Генерално не сте трпеливи кога станува збор за љубовта, но овој период ќе го промените ова благодарение на партнерот. Но, може да ви биде тешко да направите компромис – тврдоглаво ќе се држите до вашите верувања и ова може да биде причина за конфликт кој ќе го решите до крајот на месецот.

Ако сте слободни

Нема да дозволите некој да си игра со вашите чувства, најмногу бидејќи периодов сте почувствителни. Можно е да почнете врска со нов познаник кој ќе ви помогне да ја откриете вашата романтична страна. Во меѓувреме, можно е да запознаете и друга личност што ви се допаѓа, па ќе се двоумите дали да ризикувате и да почнете афера.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
3 хороскопски знаци кои се најлоши девојки за љубовна врска Девиците се многу критички настроени – и кон себе, и кон нивните партнери. Без р...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за февруари 2024: Вага - мислите дека партнерот ве изневерува, Овен - љубоморни исп... Скорпија - Ако овој месец влезете во нова врска, личноста со која ќе почнете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg