Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина?

Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде поврзан со некој вид судбина? Дали патот ни е веќе преодреден или самите го создаваме? Сосема е неважно дали верувате во ова или не, овој интересен тест ќе ви открие што сте можеле да бидете во претходниот живот, што треба да правите денес и каква иднина ве очекува. 

Sto ste bile spored godina na raganje vo minatiot zivot 01

Нашите предци верувале дека според годината на раѓање можеме да ја предвидиме иднината. Пронајдете ја својата година и прочитајте ги резултатите...

Трагачи на среќа

Година на раѓање: 1927, 1936, 1945, 1954, 1963, 1972, 1981, 1990, 1999, 2008, 2017

Минато - Во минатиот живот бевте цар, владетел или благородник.

Сегашност - Просперитетот ви бега постојано. Во втората половина од животот ќе имате повеќе среќа, а на крајот ќе бидете задоволни со судбината. Го сакате спротивниот пол, но не сте промискуитетни. На сите полиња ја барате среќата и задоволството. Склони сте кон депресија.

Иднина - Следниот живот ќе го поминете во планина како самотник или екстремен спортист.

Романописци

Година на раѓање: 1926, 1935, 1944, 1953, 1962, 1971, 1980, 1989, 1998, 2007, 2016

Минато - Во минатиот живот бевте спиритуалист. Поминувавте многу време скитајќи низ световите.

Сегашност – Можно е да станете писател на научна фантастика или хорор. Имате силна харизма и можете да станете политичар, говорник или лидер. Зборувате малку, но остро. Поради вашите чудни погледи ќе се сретнете со завист и омраза.

Иднина - Во паралелниот универзум ќе бидете дух, во овој монах.

Sto ste bile spored godina na raganje vo minatiot zivot 02

Уметници

Година на раѓање: 1925, 1934, 1943, 1952, 1961, 1970, 1979, 1988, 1997, 2006, 2015

Минато - Во еден од вашите минати животи бевте диктатор, потоа канибал и, конечно, слон.

Сегашност - Никогаш немате доволно пари, моќ, слава. Нерешителни сте и амбивалентни. Можеби ќе имате неколку бракови. Пазете се од луѓето што ги понижувате.

Иднина - Во еден од следните животи ќе бидете уметник.

Љубовници

Година на раѓање: 1924, 1933, 1942, 1951, 1960, 1969, 1978, 1987, 1996, 2005, 2014

Минато - Во минатото бевте конкубина.

Сегашност - Често ќе се чувствувате како роб на љубовта. Многу страдате за вашиот партнер. Доверлива сте и искрена личност која има многу пријатели. Сепак, наклонети сте кон негативна перцепција на реалноста, поради што сте цинични.

Иднина - Во следната реинкарнација ќе бидете фото-модел.

Sto ste bile spored godina na raganje vo minatiot zivot 03

Научници

Година на раѓање: 1923, 1932, 1941, 1950, 1959, 1968, 1977, 1986, 1995, 2004, 2013

Минато - Во секоја претходна инкарнација поседувавте големо знаење и среќа.

Сегашност – Имате големи успеси во областа на науката или во некои интелектуални активности. Ретко сте задоволни со резултатите на вашата работа, бидејќи сте перфекционисти, но несебично им помагате на другите да постигнат успех.

Иднина - Во следниот живот ќе бидете принц.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
6 најомразени хороскопски знаци и зошто другите не ги сакаат (дали сте и вие меѓу нив)? Девицата знае да осудува, Вагата ја крие својата темна страна... Што ги пра...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава