Како да знаете дека партнерот ве лаже, според неговиот хороскопски знак?

Стрелец: Тој е најбрутално искрениот хороскопски знак, но од друга страна застрашувачки е со каква леснотија може да лаже. Во такви ситуации се однесува навистина лежерно... Но, кој хороскоспки знак е најголем лажго? 

kako-da-znaete-deka-partnerot-ve-lazhe-spored-negoviot-horoskopski-znak-01.jpg

Дали вашиот партнер е несмасен лажго или пак е експерт кога станува збор за лажење? Што кажува неговиот хороскопски знак за тоа?

Како да знаете дека партнерот ве лаже, според неговиот хороскопски знак?

Овен

Ако имате претчувство дека тој ве лаже, тогаш најверојатно е така.

Кога лаже мажот Овен, неговото расположение станува чудно и далечно, а му се менува дури и говорот на телото. Може да реагира нарцисоидно и дел од вината да ја префрли на вас.

Бик

Тој смета дека за некои работи „има дозвола“ да излаже. Ја цени комуникацијата, сака да се изразува отворено, но може да ви даде третман со молчење ако го обвините дека е неискрен.

Мажот Бик иако е тврдоглав, ако не лаже ќе ви понуди со задоволство доказ дека ја зборува вистината и дека нема што да крие. Ако не се обидува да ви докаже дека грешите, тогаш тоа може да биде знак за црвена тревога.

Близнаци

Тој ќе се бори за да успее да одржи контакт со очи со вас, кога ве лаже во лице. Ќе реагира борбено кога ќе го обвините за нешто, кое наводно не го направил (а всушност го направил).

Кога ве лаже мажот Близнаци ќе ви понуди детално објаснување, што ќе ви се чини како да ви раскажува некаква приказна.

Ако крие пак некоја сериозна тајна од вас, може да се затвори комплетно и да избегнува комуникација сосема.

Рак

Тој обично сака да ја кажува вистината и навистина му е тешко да ве погледне во очи кога ве лаже. Ќе тресе со нозете, нервозно ќе се движи наоколу и нема да може да си ги задржи рацете мирни.

Кога лаже мажот Рак, ќе почне да пронаоѓа изговори да не минува време со вас, а од друга страна поради чувството на вина и грижата на совест ќе стане малку опседнат со вас. Постојано ќе го мачи мислата дека ве предал.

Лав

Тој е многу искусен и вешт лажго. Кога ќе ве лаже, ќе се обиде да направи да се сомневате во себе и во тоа што и колку навистина знаете.

Ќе ве нарекува со секакви имиња, затоа што воопшто сте помислиле дека тој лаже. Може да направи дури да се сомневате во начинот на кој ги гледате и толкувате работите.

Мажот Лав ќе ви понуди детали како му минал денот и ќе го тргне фокусот од работата за која ве лаже, а во која вие се сомневате.

Девица

Кога тој зборува без прекин и ви дава прекумерна доза на непотребни информации, тогаш крие нешто од вас. Со тие детали сака да ве дефокусира од неговата неискреност.

Начинот на кој зборува е чуден, а може да изгледа дури и под стрес и анксиозен.

Мажот Девица вообичаено е кул, смирен и резервиран, но кога лаже навистина се менува само за да ве убеди дека не лаже.

Уште 6 хороскопски знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 хороскопски знаци кои немаат лош збор за бившите (и зошто) Стрелец: Тие се познати по својот ведар и слободен дух, па знаат дека разделбата...
3 хороскопски знаци кои ќе доживеат голема љубов во 2024-та Бидете отворени за нови познанства, но не влегувајте избрзано во врска за да не ...
5 хороскопски знаци на кои им е најважно да мирисаат убаво Скорпија - Тие сакаат да мирисаат заводливо и интригантно. Сакаат моќни парфеми ...
Кои хороскопски знаци се малери, а кои имаат најмногу среќа во животот? Стрелците некогаш одат со главата низ ѕид само за да тестираат колкава среќа има...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
3 хороскопски знаци за кои овој март ќе биде најсреќниот месец Кој хороскопски знак конечно ќе здивне од проблеми, а кој ќе ги реши финансискит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg