Љубовен хороскоп за мај 2023: Скорпии – бившата љубов ќе ве моли за втора шанса, Риби – врска со колега

ljuboven-horoskop-za-maj-2023-skorpii-bivshata-ljubov-kje-ve-moli-za-vtora-shansa-ribi-vrska-so-kolega-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Овој период ќе биде неопходно да му се посветите на партнерот и на семејството, затоа што вашата помош ќе им биде неопходна. Подготвени сте во целост да ги остварите сите желби и потреби на партнерот и да ги задоволите неговите барања.

Сепак, бидете внимателни ако заминете на некое работно патување, затоа што можно е таму да паднете во искушение и да имате некоја минлива авантура со личност што не ја познавате.

Можно е да имате незаборавни мигови со таа личност, но да се вратите дома со грижа на совест.

Ако сте слободни

Вагите честопати важат за големи заводници и тие се подготвени да направат сѐ за да го сочуваат тој имиџ и да не дозволат никому да дознае што мислат и како се чувствуваат.

Доколку одлучите некому да се доверите, внимавајте тоа да не го направите со некоја личност што недоволно ја познавате, па таа да ги изнесе на виделина вашите најскриени тајни.

Некој собир или излегување ќе бидат идеални можности за да ја покажете сопствената способност за флерт.

Очекувајте повици од некои нови луѓе кои ќе ве канат на излегување, а можно е да дознаете дека некоја личност се распрашува за вас, преку пријатели или познаници.

Скорпија

Ако сте во врска

Склони сте да не ги криете емоциите кога сте со партнерот и јавно да покажувате како се чувствувате. Мај ви носи голем број возбудливи мигови со партнерот, а конечно знаете што сакате да постигнете на емотивен план и ќе бидете целосно посветени на сопствените цели.

Тешко ќе ви биде да се воздржите од покажување на страстите, но, бидете внимателни како се однесувате во јавност, затоа што во некои случаи, јавното покажување емоции и отворената размена на нежности може да ви донесе проблеми. Посебно, ако се занимавате со професија во која таквото однесување може да се смета за скандалозно. 

Ако сте слободни

Ќе имате можност да се покажете на некој настан или на некој поголем собир, а самодовербата и знаењето со кое ќе настапите, ќе ве стават во центарот на вниманието и ќе ви донесат голем број додворувачи.

Некои претставници на знакот можно е да започнат некоја тајна авантура со некоја јавна личност, па ќе се трудат таа врска да ја сочуваат за себе. Но, партнерот може да ве изненади и да не сака да се крие.

Оние Скорпии што неодамна излегле од некоја врска, може да очекуваат повик од поранешниот партнер кој ќе се обиде да направи сѐ за да ги натера да му дадат втора шанса.

Стрелец

Ако сте во врска

Имате потреба за поголема емотивна стабилност и сакате уште повеќе да ги зацврстите односите со партнерот.

Можно е да почнете да се однесувате како да сте му родител на партнерот и да му ги наметнете сопствените сфаќања. Но, проблемот е во тоа што ќе треба да знаете кога треба да се повлечете и да ѝ дадете шанса на личноста со која сте во врска да ги покаже сопствените способности.

Бидете внимателни со жените што се обидуваат да ви се мешаат во приватниот живот, без разлика во кој пол сте вие.

Ако сте слободни

Јавно тврдите дека секогаш сакате да знаете на што сте, но потајно сакате комплицирани ситуации.

Можно е да ве заинтригира некоја личност родена во знаците Близнаци, Девица или Риби, а очекувајте дека и вие ќе им оставите впечаток.

За да ја освоите личноста што ви се допаѓа, потребна ви е поголема вештина, но ќе ви се чини дека постојано избрзувате и никако не успевате да ги кажете работите што ги мислите, па оставате впечаток на површна личност што сѐ уште не знае што сака.

Јарец

Ако сте во врска

Имате потреба сѐ да држите под контрола, па можно е воопшто ниту да не се обидете да се адаптирате на потребите на партнерот.

Сакате да им се препуштите на сопствените фантазии и желби, а Јарците што се во брак и кај кои партнерот не е подготвен да одговори на нивните барања, можно е да побараат утеха во некоја личност од минатото.

Доколку сте во врска со силна личност, можете да очекувате од неа да добиете целосна поддршка за сѐ во животот, а овој месец очекувајте да бидете мошне сентиментални и жедни за романтични возбудувања.

Ако сте слободни

Ако припаѓате на оние припадници на знакот што се носталгични, емотивно нестабилни и несигурни, што сакаат често да се навраќаат на минатото, мај нема да биде поволен за вас.

Ова е месец кога ќе ве обземат депресивни мисли и можно е постојано да се самосожалувате.

Бидете внимателни љубовните маки да не ги лекувате со пороци за да не се самоуништите.

Кон крајот на месецот можно е конечно во вашиот живот да влезе некоја личност која јасно и недвосмислено ќе ви каже колку многу ѝ значите.

Водолија

Ако сте во врска

Мај ќе ви донесе можност да ги решите сите несогласувања со партнерот и конечно да го поправите односот.

Партнерот ќе ви даде поддршка на секој план во животот и ќе треба да сфатите дека некогаш нема потреба само да се спротивставувате, туку и да постигнете договор за важните прашања во животот.

Некои средби со поранешни партнери или со личности што ви се допаѓаат ќе ве стават на тест. Бидете особено внимателни на групните собири, затоа што на некој таков настан можно е да добиете понуда за паралелна тајна врска или афера.

Ако сте слободни

Ова може да биде мошне романтичен и страстен период, доколку успеете да се справите со сопствената неодлучност. Можно е да посакате да ѝ дадете шанса на некоја личност од минатото која била мошне добра кон вас.

Јасно ви е каде грешевте во минатото и подготвени сте да се извините и да свртите нова страница во животот.

Свесни сте дека склоноста кон самоуништување и самоволноста не ви одат во прилог и ќе работите напорно за да се поправите.

Риби

Ако сте во врска

Ќе успеете да го подобрите односот со партнерот, само доколку бидете подготвени да разговарате отворено со него за сите проблеми што ве измачуваат. Сепак обидете се да внимавате и на времето и местото каде што ќе го направите тоа.

Поставете цели што сакате да ги постигнете на љубовен план и разговарајте со партнерот за нив.

Бидете внимателни со гласините што ќе ги слушнете за партнерот и не дозволувајте непроверените информации да го разнишаат хармоничниот однос што толку долго време сте го граделе.

Ако сте слободни

Ќе имате средба со некој колега кон кого никогаш не сте биле рамнодушни, а ќе бидете подготвени целосно да им се препуштите на страстите со некоја личност што нема да сака да ги крие сопствените емоции за вас.

Можно е да се најдете во ситуација во која ќе треба да изберете измеѓу два целосно различни, но подеднакво атрактивни партнери, а одлуката нема да можете да ја донесете лесно.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Љубовен хороскоп за октомври 2023: Овни - потрудете се да ја спасите врската, Ваги - нема да ви недо... Стрелци - подготвени сте да преземете поголема одговорност за вашите постапки. А...
Љубовен хороскоп за јануари 2024: Бикови - авантура со колега, Овни - проблеми со љубомора Риби – Најверојатно ќе добиете порака или повик од поранешен партнер кој ќе се о...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg