Зошто сте незадоволни од вашата врска, според хороскопскиот знак?

zoshto-ste-nezadovolni-od-vashata-vrska-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Ако сте незадоволни од врската, причината е тоа што со партнерот имате различни очекувања.

Додека едниот од вас е подготвен за сериозна врска, па можеби и брак, другиот не го дели истото мислење.

Мора да дискутирате за овој проблем и да разберете дали врската има некаква перспектива.

Скорпија

Вие сте „заглавени“ во минатото и навистина ви е тешко да му простите на партнерот за грешките што ги направил.

А, токму ова ве прави незадоволни.

Ако партнерот се покајал и ви се извинил, мора да му простите. Во спротивно, врската нема да трае.

Стрелец

Вие сте незадоволни бидејќи буквално целата енергија ја трошите на вашата врска.

Сосема нормално е партнерот да ви биде приоритет, но не треба да ги запоставите сите останати аспекти од вашиот живот.

Пробајте да направите рамнотежа и ќе бидете многу посреќни.

Јарец

Најголемиот проблем во вашата врска е лошата комуникација и ова, нормално, ве прави незадоволни.

Ни вие ни партнерот не сте доволно транспарентни и очекувате да можете да си ги читате мислите.

Мора да поработите на комуникацијата и да бидете поотворени еден со друг.

Водолија

Многупати досега сте биле повредени од луѓе кои ви значат, па постојано живеете во страв дека и партнерот ќе ве повреди.

Паничите дури и за најмалите проблеми, а сето ова ве прави незадоволни.

Проблемите во врската се сосема нормални и неизбежни. Мора да му верувате на партнерот и да научите како да ги решавате проблемите.

Риби

Вие имате превисоки, дури нереални очекувања од партнерот кои тој не може да ги исполни.

Па, ова ве прави незадоволни.

Бидете пореалистични, но и поотворени за вашите потреби, и веднаш ќе забележите позитивна промена.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Пораката што треба да ја слушнете од вашата помлада верзија, според астрологијата Рак – Можете да се грижите за другите без да ги мешате вашите емоции. Туѓата бол...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава