Една негативна карактеристика на секој хороскопски знак заради која врската со него станува неподнослива

edna-negativna-karakteristika-na-sekoj-horoskopski-znak-zaradi-koja-vrskata-so-niv-stanuva-nepodnosliva-02.jpg

Вага

Вагите најчесто добиваат „корпа“ заради несоодветното однесување: постојано флертуваат, неодлучни се и знаат да бидат експерти за да исчезнат и потоа да лажат каде биле.

Најчесто ова се шармантни луѓе, што секогаш имаат свој план и агенда, па тешко е да им раскинете затоа што знаат како да се вратат во вашите животи, полни со енергија и да ве разубедат со убави зборови, иако се чувствувате скршено.

Ако некој одлучи да стави крај на врската со Вага, тогаш тоа најчесто е заради лажење или неверство и тоа со личност што му е многу блиска на партнерот.

Скорпија

Во оној миг кога партнерот ќе се замори од постојани мозочни игри, постојани препукувања и неосновани обвиненија за неверство, Скорпиите остануваат сами. Но, ако им раскинете или им го скршите срцето, бидете подготвени дека ќе ви се одмаздат на најлош можен начин.

Може да поминат и десетици години, но Скорпијата никогаш нема да заборави што сте ѝ згрешиле и ќе го чека вистинскиот миг за да врати.

Иако на прв поглед ќе ви изгледа лесно да се разделите со нив, ќе биде потребно да вложите големи напори за вистински да се ослободите од нивното влијание.

Стрелец

Многу ретко Стрелците влегуваат во сериозни врски и најчесто тоа се луѓе што не знаат што значи да се биде целосно посветен некому.

Имате чувство дека тоа се луѓе што се постојано во движење, кои не знаат како да кажат „не“ на понудите за забава и авантура.

Постојаната потрага по нови возбуди, досетливиот хумор и непостојаноста се нивен изговор со помош на кој бегаат од вистинска интимност.

Ова се некои од причините заради кои Стрелците најчесто се соочуваат со раскинување.

Јарец

Родени се за да работат и секогаш му даваат приоритет на бизнисот пред задоволството. За нив е поважно што ќе стекнат со партнерот на поле кариера, отколку со кого се во врска.

Исто така сконцентрирани се на финансискиот успех, наместо на создавање подобра конекција со партнерот и може да се случи да ги откачат затоа што никој не сака да биде на второ место и да чека партнерот да ги заврши сите обврски за да им обрне внимание.

Уште една лоша особина им е тоа што знаат постојано да поставуваат премногу високи цели во врската и за партнерот, да се однесуваат како само тие да знаат што е најдобро, и премногу да ги притискаат луѓето со кои се во врска.

Водолија

Станува збор за луѓе што се самодоволни, па заради тоа тешко ги препознаваат потребите на партнерот. Не знаат кога треба да му посветат целосно внимание на партнерот, кога да му пружаат поддршка, љубов, разбирање и да комуницираат.

Ако се земе предвид и нивната уникатна и честопати ексцентрична природа, честопати имате чувство дека сте во врска со некој антихерој од познатите филмови, кој го има главниот збор и е генијален и супериорен во однос на партнерот, а кому му е вистинско понижување да одговара на прашања поврзани со сопственото однесување.

Честопати наликуваат на луѓе што се полни со презир, кои на секое барање одговараат со ужаснување, па затоа честопати може да останат сами, откако партнерот ќе сфати дека веќе не сака да биде игнориран.

Риби

Ако сакаат да стават крај на врската ќе направат сѐ за партнерот да ги откачи. Во другите случаи кога врската ќе заврши со раскинување, тоа најчесто се должи на нивната тенденција да живеат во сопствените фантазии за тоа како треба да изгледа врската, наместо во реалноста.

Тие веруваат дека секое зло е за добро и дека болката нема да трае вечно, а во иднина сигурно ќе имаат нови врски, што ќе бидат поблиску до она што навистина го посакуваат.

Во меѓувреме, додека да дојде следната подобра шанса, ќе направат сѐ за да го живеат животот со полн здив.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Бик и уште 3 најромантични мажи според хороскопот Вага - Мажите родени во овој знак се верни, во секоја врска бараат хармониј...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Како реагира секој хороскопски знак кога е гневен (и како да научи да се контролира)? Риби – Тие се мирољубиви луѓе кои не можат лесно да се справат со своите негатив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg