На Биковите пари, на Водолиите авантури: Што му носи младата месечина на секој хороскопски знак?

na-bikovite-povekje-pari-na-vodoliite-avanturi-shto-mu-nosi-mladata-mesechina-na-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Младата месечина ви ги буди апетитите за нови сознанија и авантури. Така што можно е да донесете повеќе одлуки за работи со коишто ќе излезете од зоната на комфорот.

Се чувствувате гладни за нови искуства и да побегнете од секојдневието.

Обидете се да ги следите сопствените инстинкти и изберете активности со кои нема само да ги изненадите блиските, туку и себеси и заради кои ќе се чувствувате поисполнето.

Скорпија

Оваа млада месечина ќе има најголемо влијание врз емотивните врски и заедничките финансии. Нема да имате трпение за неважни разговори и ќе бидете селективни со кого го поминувате времето.

Наместо тоа ќе се сконцентрирате на важните луѓе во вашиот живот, а ќе се обидете и да го подобрите интимниот живот со партнерот.

Нема потреба да размислувате многу, разговарајте со партнерот за вашите потреби и ќе се чувствувате емотивно поисполнети.

Стрелец

Време е да се сконцентрирате на тоа како ве гледаат другите луѓе и да ги подобрите сопствените комуникациски вештини.

Ова ќе биде период во кој луѓето од вас ќе добиваат толку колку што ви даваат и на тој начин ќе се обидете да им укажете што треба да направат за да го подобрите односот.

Можно е да стекнете нови пријателства со луѓе што подоцна може да ви бидат и бизнис партнери или да ве поддржуваат за важните животни одлуки.

Јарец

Ова е период кога ќе бидете сконцентрирани на сопствената здравствена состојба и ќе почнете да ги менувате животните навики.

Можно е да почнете да се занимавате повеќе со физичка активност или да направите промени во начинот на којшто ги завршувате секојдневните обврски...

Во секој случај ќе успеете да направите промени што ќе бидат од огромно значење за да ги остварите сопствените цели, да бидете уште поуспешни во животот и да постигнете поголем физички и ментален баланс.

Водолија

Младата месечина ќе влијае на љубовно поле, па можно е да бидете уште покреативни во заведувањето на припадниците на спротивниот пол и постојано да флертувате.

Тоа ќе бидат денови кога ќе ви биде забавно и ќе се чувствувате растоварени затоа што немате некој конкретен план, туку само сакате да уживате во мигот.

Бидете спонтани и ќе можете да уживате во сите убави можности што ви се нудат во овој период.

Риби

Најважно ќе ви биде времето да го поминете со семејството и да го уредите домот по ваш вкус. Можно е да заминете на некое патување заедно со најблиските и да си дадете ветување дека тоа ќе го правите што е можно почесто.

Исто така, пред вас се сериозни разговори со членовите на семејството во кои ќе ги откриете своите потиснати емоции и ќе се потрудите да најдете компромис за недоразбирањата.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Што најмногу мразите (но не признавате), според хороскопскиот знак? Бик - Овие луѓе мразат кога некој им кажува што треба да прават и наместо да ја ...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Кој е вашиот знак во хороскопот на Маите и што кажува за вас? Луѓето родени помеѓу 7-ми февруари и 6-ти март го имаат знакот Сокол. Тие се со ...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg