Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак?

kako-najlesno-da-zashtedite-pari-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Користете го трикот за штедење со пликоа.

Поделете ги трошоците на неколку категории – сметки, рата од кредит, храна и слично – и за секоја категорија купете посебен плик.

Кога ќе добиете плата, веднаш распоредете ги парите во соодветните пликови.

На овој начин ќе имате јасен увид за парите што ви се на располагање и многу полесно ќе го контролирате трошењето.

Скорпија

Вам ви е најважно да имате пари за итни случаи, како неочекувани трошоци.

Па, токму ова може да ве мотивира да штедите.

Секогаш кога можете, тргајте настрана одредена сума, и не ги допирајте тие пари освен ако не ви се навистина неопходни.

Стрелец

Како авантурист, вие трошите најмногу пари на патувања.

Добрите вести се дека не мора да се откажете од ова хоби за да заштедите.

Туку, едноставно, патувајте надвор од сезона. Во лето одете на поевтина дестинација, а позабавните патувања организирајте ги во месеци кога дестинациите не се многу популарни.

Можете да заштедите навистина многу пари на овој начин (па и да ви останат повеќе за следното патување).

Јарец

Обично вие немате проблем со штедење пари – одговорни сте и ретко кога купувате импулсивно.

Па, бидејќи веројатно веќе имате добра заштеда, размислете дали можете да ја инвестирате во нешто и, надежно, да ја зголемите.

Водолија

Вие сте личност која сака да пробува нови работи, па слободно пробувајте ги сите трикови за штедење додека не го најдете најдобриот за вас.

Ова можат да бидат предизвици како, на пример, во текот на една недела да не потрошите повеќе од 1.000 денари.

Или, да почнете да излегувате од дома без паричник за да не бидете во искушение да купите нешто.

Риби

Веројатно и самите знаете дека генерално најмногу пари трошите на храна.

Вие сте личност која ужива во убавиот вкус и не се двоуми дали да плати мало богатство за ново кулинарско искуство.

Но, ако сакате да штедите, ќе мора да се контролирате.

Односно, наместо да одите во скап ресторан, пробајте сами да го направите оброкот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...

Најчитани неделава