Вкупно 7 планети се ретроградни ова лето: Што му треба на секој хороскопски знак за да „преживее“?

vkupno-7-planeti-se-retrogradni-ova-leto-shto-mu-treba-na-sekoj-horoskopski-znak-za-da-prezhivee-02.jpg

Вага

Граници – тоа е клучниот збор за ова лето.

Ќе мора да научите да ставите граници, за луѓето да не ви ги искористуваат добрината и љубезноста.

Исто така, добро би било да не трошите премногу време на решавање на туѓите проблеми, туку да се сконцентрирате на себеси.

Скорпија

Негативните влијанија на планетите најмногу ќе се одразат врз вашиот љубовен живот.

Можно е да одлучите да раскинете со партнерот, па потоа брзо да се предомислите и да барате помирување.

Ова лето треба да бидете подготвени на голем број непредвидливи и неочекувани настани и променливо расположение.

Стрелец

Негативното влијание од планетите најмногу ќе се одрази врз кариерата.

Ќе се чувствувате дека претпоставените сакаат да ви покажат дека сте заменливи во секој миг – иако сте свесни дека не сте – заради што може да се чувствувате анксиозно.

Обидете се да останете смирени и дишете длабоко и овој негативен период ќе помине за брзо.

Јарец

По тешкиот ден на работното место сакате да излезете со пријателите и да се ослободите од стресот, но ви се чини дека пријателите немаат време за вас, затоа што се преокупирани со своите проблеми.

Осаменоста знае да биде многу тешка и напорна, па добро би било да се потрудите да склопите нови пријателства и да најдете луѓе со кои нема да се чувствувате како да сте сами на светот.

Водолија

Блиските имаат навика сите свои проблеми да ги префрлаат врз вас и да очекуваат вие да ги решите.

Дополнително, ќе се најдете во ситуација да треба да ги помирувате „завојуваните“ роднини и пријатели, што воопшто нема да ви биде лесно.

Ќе мора да најдете што е она што сите ги обединува и на тој начин да се потрудите да го ослободите туѓиот товар од сопствените плеќи.

Риби

Несигурноста во партнерот, блиските и воопшто во иднината ќе ви влијае негативно и ќе ве натера да се изолирате и да се дистанцирате од луѓето околу вас.

Сепак, не избрзувајте да ги отфрлите луѓето без да имате причина за тоа.

Дајте им шанса да го покажат вистинското лице и проценете дали вреди да останете со нив до крај.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...

Најчитани неделава