Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Љубовен хороскоп за јули 2023: Бикoви – ќе се впуштите во страстна авантура, Скорпии – не правете љубоморни сцени

ljuboven-horoskop-za-juli-2023-bik-kje-se-vpushtite-vo-nekolku-vrski-odednash-skorpija-ne-pravete-ljubomorni-sceni-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Месецов ќе сакате сè да биде по ваше и ќе го излудувате партнерот. Ништо кај неа/него нема да ви се допаѓа, па како намерно да барате причина за кавга. Сепак, работите ќе се смират во втората половина на јули, а вие ќе го смените вашето расположение.

Ако сте слободни

Иако не сте во врска, некои од вас ќе сакаат да стапат во брак. Затоа посериозно ќе почнат да размислуваат да најдат потенцијален партнер со кој ќе почнат сериозна врска, а не само забава. Некои ќе почнат дури и да користат и апликации за пронаоѓање партнер или да бараат од пријателите да им организираат состаноци на слепо.

Скорпија

Ако сте во врска

Овој месец наместо љубов, кај вас ќе доминира љубомората. Воздржете се од испади и љубоморни сцени со партнерот, особено ако сте на јавно место каде што сите може да ве видат, бидејќи тој може да реагира бурно и тоа да ги влоши работите меѓу вас.

Ако сте слободни

Имате чувство дека овој месец ќе можете да заведете кого и да посакате, но не е така. Вашиот шарм и сексапил нема да влијаат исто кај сите, па можно е да ве одбие некој што многу ви се допаѓа. Не се разочарувајте, следниот месец ќе биде одличен на љубовен план.

Стрелец

Ако сте во врска

Овој месец нема да се случува ништо големо на љубовен план. Ќе уживате во времето поминато со партнерот, без оглед дали сте дома, на прошетка, во кино или кафуле. Но, како што одминува месецот ќе почнете да размислувате за заедничко патување на кое би отишле до крајот на летото или на почетокот на есента.

Ако сте слободни

Неколку луѓе од спротивниот пол отворено ќе ви кажат дека сакаат да бидат со вас, ќе ве поканат да излезете на состанок, но вие во јули како да не сте расположени за љубов. Времето ќе сакате да го поминете во патување со друштвото или само да седите дома наместо да излегувате. Размислете убаво - можеби некој сепак заслужува да му дадете шанса.

Јарец

Ако сте во врска

Цел месец ќе се трудите да му угодите на партнерот за да се искупите за некоја грешка што ја направивте во минатото. Иако ова од вас ќе бара да вложите многу напор, сепак, на крајот упорноста ќе ви се исплати. Испланирајте романтичен викенд пред крајот на јули.

Ако сте слободни

Некои слободни Јарци ќе имаат интересна средба на работа, со некој нов колега. Ова може да се претвори во сериозна врска во иднина. Но, повеќето Јарци месецов ќе бидат расположени само за флерт и опуштено дружење. Па дури и ако запознаете некој нов и интересен, нема да сакате да се врзувате.

Водолија

Ако сте во врска

Во дилема сте што да правите на љубовен план – дали да ја продлабочите врската или да ја прекинете. Нешто што се случи изминатиов период ве мачи, па не знаете како да се поставите во однос на партнерот. Не ги форсирајте работите, до крајот на јули ќе знаете што сакате.

Ако сте слободни

Ќе запознаете неколку интересни личности што ќе ви се допаднат и ќе сакате да поминувате време со секој од нив. Ова ќе ви биде многу напорно, па по 2-3 средби, ќе знаете дали сакате да почнете врска со некого, или сè ќе остане на флерт и опуштено дружење. Не се форсирајте, летото е пред вас.

Риби

Ако сте во врска

Овој месец сè ви оди од рака, а партнерот делува заљубено, како и на почетокот на врската. Што и да побарате од него, ќе се потруди да ви го исполни. Ова ќе ви се допадне, бидејќи сакате да ве разгалуваат. Искористете го поволниот период за да уживате во љубовта.

Ако сте слободни

Ова е поволен период да почнете нова врска. Затоа, ако неодамна запознавте некој што ви се допаѓа, дајте му шанса да ви се приближи. Бидете отворени за љубов. Но, повеќето Риби сепак ќе се решат да уживаат во летото, и нема да бараат ништо повеќе од минлива авантура.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јуни 2023: Ваги - ќе се опседнете со некој, Скорпија - вашиот љубовен живот ќе б... Овен: Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви с...
Љубовен хороскоп за септември 2023: Близнаци - ќе продолжите со интензивен флерт, Ваги - ќе бидете м... Близнаци: Ќе продолжите со интензивен флерт со личност од вашата околина. Средби...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Љубовен хороскоп за декември 2023: Лавови - тајната врска е осудена на пропаст, Ваги - размислувате ... Овен – ако сте во брак, избегнувајте караници, бидејќи не знаете како може да ре...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg