Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите?

finansiski-horoskop-za-septemvri-2023-koi-znaci-kje-se-zbogatat-a-koi-kje-imaat-problem-so-parite-02.jpg

Вага

Овој месец ќе биде поволен на финансиски план.

Ако имате приватен бизнис, можно е да склучите договор кој ќе ви донесе добри финансии во блиска иднина.

Иако парите не ви се проблем, сепак повремено проверувајте колку имате на сметка, само за да бидете сигурно дека не претерувате со трошење.

Скорпија

Месецов ќе имате сосема доволно средства за удобен живот.

Секојдневните трошоци не ви се големи, па до крајот на септември можеби ќе успеете нешто и да заштедите.

Од друга страна, немате доволно буџет за да се расфрлате непотребно со пари – луксузот оставете го дури за крајот на годината.

Стрелец

Ако сакате да направите промени на финансиски план, направете го тоа по 16 септември кога планетите ќе почнат да „работат“ во ваша полза.

Некои Стрелци ќе добијат понуда за нова работа со поголема плата.

Доколку ви одговараат условите, прифатете ја.

Јарец

Ако планирате да купите нешто необично или скапо месецов, почекајте до 16 септември, кога ќе почне подобриот финансиски период за вас.

Сепак, астролозите препорачуваат да заштедите колку што можете, наместо да се расфрлате со пари.

Водолија

Овој месец мора да бидете внимателни со финансиите.

Не смеете да размислувате за големи трошоци, бидејќи нема да можете да ги „пополните“ дупките во сметката во следните неколку месеци.

Воздржете се од импулсивно купување.

Риби

Овој месец е исклучително поволен за вас на финансиски план.

Можна е непланирана добивка која ќе ви ја подобри финансиската ситуација.

Ако сакате да купите нешто поскапо, прво размислете за неговата употребна вредност.

А ако ви одговара, купете го, без оглед на тоа дали е по вкусот на другите или не.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - Напорната работа ќе ви донесе финансиска награда. До 24-ти јули треба да г...
Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Близнаци - Иако нема да заработите екстра пари, ова е добар период за проме...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg