Финансиски хороскоп за септември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите?

Скорпија - До крајот на септември ќе успеете нешто да заштедите, но немате доволно пари за да се расфрлате непотребно со нив. Луксузот оставете го дури за крајот на годината.

finansiski-horoskop-za-septemvri-2023-koi-znaci-kje-se-zbogatat-a-koi-kje-imaat-problem-so-parite-01.jpg

Септември 2023 ќе им донесе финансиски проблеми на неколку хороскопски знаци, но добивка на други.

Прочитајте какви се финансиските предвидувања за вашиот хороскопски знак за овој месец:

Овен

Овој месец треба да бидете внимателни на финансиски план.

Не размислувајте за поголеми вложувања, за купување недвижнини, автомобил, или за реновирање дома.

Дури и некој да ви понуди можност за зделка за која гарантира дека ќе ви донесе пари – одбијте го.

Бик

Иако месецов не ветува голема заработка, тоа не значи дека треба да го забавите темпото на работа.

Ако се трудите и работите напорно, финансиската награда ќе дојде сама.

Сепак, внимавајте да не влезете во конфликт со некој член на семејството за пари и тоа по ваша вина – не коментирајте кој како ги троши парите.

Близнаци

На финансиски план овој месец ве очекува вистинска „борба“.

Вие имате идеја на што би ги потрошиле заштедените пари, но некој во семејството не се сложува, па тоа може да предизвика непријатности меѓу вас.

Не купувајте скапи работи, тоа ќе ви ја одведе сметката „во минус“.

Рак

Кога се во прашање парите, месецов бидете прецизни на што ќе ги трошите.

Однапред направете план, па ако треба испланирајте ги дури и дневните трошоци.

Ако планирате да купувате нешто поскапо, направете го тоа дури по 16-ти септември.

Лав

Ослободете се од стравот дека ќе останете без пари.

Иако нема да остварите некоја голема добивка или да заштедите нешто повеќе, сепак, овој месец вашата финансиска ситуација е стабилна и тоа ќе ви биде доволно да ве смири.

Подобри времиња доаѓаат од октомври.

Девица

Овој месец ќе имате поголеми трошоци, но тоа нема да влијае премногу на вашиот семеен буџет.

Сепак, ако некој ви префрли дека неразумно ги трошите парите, за работи што не ви се потребни, наместо да се карате, објаснете му дека тоа што го купувате сепак ви е потребно и ве прави среќни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за јуни 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Јарец - Можно е зголемување на платата поради добрите резултати и напорната...
Финансиски хороскоп за јули 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - Напорната работа ќе ви донесе финансиска награда. До 24-ти јули треба да г...
Финансиски хороскоп за декември 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Лав - Овој месец ќе имате доволно пари за удобен живот, но не и за луксузирање. ...
Финансиски хороскоп за март 2024: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Јарец - Во првата половина на март ќе добиете деловна понуда која ви е сомн...
Финансиски хороскоп за октомври 2023: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблем со парите? Близнаци - Иако нема да заработите екстра пари, ова е добар период за проме...
Финансиски хороскоп за мај 2023: Кој знак ќе се збогати, а кој ќе има проблеми со парите? Рак - родените во овој знак ќе бидат разочарани на почетокот на мај на финансиск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg