Позитивните и негативните страни на љубовната врска со секој хороскопски знак

koi-se-pozitivnite-a-koi-se-negativnite-strani-vo-vrskata-so-sekoj-horoskopski-znak-02.jpg

Вага

Позитивни страни:

Секогаш се уредни, знаат како да се бакнуваат како на филм и не штедат на пофалните зборови за партнерот.

Кога сте со нив во врска, имате чувство дека сте освоиле „џек-пот“ и како да ги доживувате сцените од вашите омилени романтични серии.

Со Вагите секогаш знаете на што сте, тие во врската даваат исто толку колку што добиваат од партнерот, затоа што, пред сè, за нив е најважен балансот во врската.

Негативни страни:

Неодлучни се, често го менуваат мислењето и ставовите и постојано сакаат да флертуваат.

Може да се случи зад слатките зборови да се кријат намери за бесрамен флерт со некој ваш близок, затоа што во основа тоа се луѓе што многу тешко се врзуваат.

Скорпија

Позитивни страни:

Постојано се заинтересирани за трансформацијата – нивната и на другите.

Секогаш бараат длабока интимност и не се плашат од тешките и болни вистини, но „ги убивате“ кога од нив барате да зборуваат за неважни работи.

Кога сте во врска со нив ќе имате можност да уживате во љубов што целосно ве обзема, а и ќе знаете дека сте со личност што вашите најскриени тајни ќе ги чува во тајност.

Дури и најобичните пораки на телефон, со Скорпијата ќе бидат полни со референци за секс и страст.

Негативни страни:

Имаат голема потреба интензитетот на врската да биде на најсилното ниво, па тоа може да го измори партнерот.

Исто така, треба да имате на ум дека тие се мошне скептични личности, што никогаш нема да ви веруваат до крај, а ако на некој начин се почувствуваат повредени, ќе ви се одмаздат на најлош можен начин.

Стрелец

Позитивни страни:

Со оглед на тоа што се големи авантуристи, со нив можете да очекувате доживувања и патувања за какви што само сте сонувале. Импулсивните одлуки да заминете некаде, да играте нешто невообичаено се само дел од она што можете да го очекувате во врската со нив.

Постојано сакаат да пробаат нешто ново и отворени се за сè што е необично и алтернативно – па така, секој ден со нив ќе ви биде вистинско доживување.

Негативни страни:

Заради нивната желба за авантури ќе чувствувате дека со една нога секогаш се подготвени да побегнат од врската.

Нивната ведра природа е само маска, вистината е дека во расправиите тие знаат да бидат брутални и искрено да ви ги кажат сите негативни мисли за вас без да внимаваат на тоа во колкава мера ќе ве повредат.

Јарец

Позитивни страни:

Со нив врската се развива бавно, затоа што веруваат дека тоа е еден вид инвестиција, а потребно им е прво да бидат сигурни дека вложениот труд ќе им се исплати.

Ако одлучат дека треба да бидете во врска, тогаш ќе ве гледаат како рамноправни на себеси, што само по себе треба да го сфатите како комплимент, затоа што Јарците веруваат дека никој друг не е подобар од нив.

Кога сте во врска со нив, ќе забележите дека и самите станувате подобра личност, во поглед на физичкиот изглед, финансиската состојба и во сите други аспекти од животот.

Негативни страни:

Воопшто не се спонтани, постојано внимаваат на тоа колку даваат тие, а колку давате вие.

Имаат потреба да го контролираат партнерот, да се однесуваат како родители и да го казнуваат ако направил нешто што не им се допаѓа.

Водолија

Позитивни страни:

Ним ништо не им е чудно, па затоа нема да имате потреба да се срамите од своите најчудни и необични навики.

За нив сè што е ново и необично е возбудливо, па ќе можете да ги остварите и своите најскриени желби и фантазии.

Тоа што го гледаат светот на поинаков начин од другите, ги прави одлични за решавање проблеми, а со нив можете да водите разговор на сите теми и секогаш имаат нови идеи за сè што се случува околу вас.

Негативни страни:

Со оглед на тоа што се мошне интелигентни и често интелектуално „потковани“, со нив може да ви се случи да се чувствувате неедуцирани и инфериорни.

Постојано имаат потреба да им дадете време за да се посветат на мистериите со коишто се опседнати и ако им згрешите знаат да бидат мошне студени и ладнокрвни, заради што ќе имате чувство дека веднаш ви го заборавиле името, иако сте биле заедно долг период.

Риби

Позитивни страни:

Важат за луѓе што најдобро се бакнуваат и се најдобри љубовници. Вљубени се во самиот поим љубов и знаат како да го опсипат партнерот со силни емоции и нежности, заради што во врската со нив ќе се чувствувате како да сте на „седмо небо“.

За нив љубовта треба да биде како од соништата и ќе бидат тука за да ви ги избришат солзите, да ви помогнат кога ви требаат и ќе ви бидат најдобар пријател, каков што отсекогаш сте сонувале, но никогаш не сте го нашле.

Негативни страни:

Знаат толку многу да се задлабочат во нивните фантазии за тоа каква треба да биде љубовта што ќе ја загубат реалната слика.

Убаво е да уживате во врска од соништата, но кога-тогаш треба да се разбудите од сонот и да ја согледате реалноста.

Рибите знаат често да го возвишуваат партнерот, да му поставуваат превисоки критериуми и длабоко да бидат разочарани, кога ќе се покаже дека партнерот не е таков каков што го замислувале.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков тип на жена избира секој хороскопски знак за брак? Сме слушнале за мажите кои излегуваат со некоја девојка, но потоа ја оставаат, б...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Хороскопски знаци во кои се раѓаат најдобрите баби и дедовци Кога баба и дедо родени во знакот Риби ќе научат да го користат својот паметен т...
Не се обидувајте да го скротите Овенот - Какви дечковци се хороскопските знаци кога се во врска? Рак - Важат за најемотивниот знак, но за да стигнете до нивната душа ќе треба да...
Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата? Девици, вие сте личност која сака да остане на едно место и ја цени својата рути...
Со каков партнер секој од хороскопските знаци никогаш не би сакал да има секс (и зошто)? Лав - Кога станува збор за сексот, одбивни им се луѓето што изгледаат како озбор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg