Кои се вашите 3 најтоксични особини според хороскопскиот знак (и како да се справите со нив)?

koi-se-vashite-3-najtoksichni-osobini-spored-horoskopskiot-znak-i-kako-da-se-spravite-so-niv-02.jpg

Вага

Неодлучни, површни, зависни од другите

Имаат потреба за баланс, па често им се случува да попуштат пред туѓите барања само за да го сочуваат мирот.

Нивниот страв од промени може да ги доведе до неодлучност и постојан страв од конфронтација.

Вагите околу себе постојано треба да имаат луѓе што се свесни за нивната потреба за баланс во врските, и кои нема да бараат од нив да се жртвуваат себеси со цел да го одржат мирот во куќата.

Скорпија

Повлечени, љубоморни, подмолни манипулатори

Затоа што се мошне мистериозни и не сакаат премногу да се истакнуваат во јавноста, Скорпиите често се на лош глас дека се сурови манипулатори.

За нив е важно да имаат добра стратегија, а ќе ги искористат своите харизма и интелект за да го постигнат тоа што го сакаат.

Јасно е дека знаат и имаат потреба да манипулираат кога сакаат да ги остварат сопствените цели, но најчесто (треба да) водат сметка за тоа да не ги повредат другите.

Стрелец

Бесчувствителни, неодговорни, брзоплети

Сакаат да имаат слобода да прават што сакаат, кога сакаат. Познато е дека не знаат многу да тактизираат и секогаш го кажуваат тоа што го мислат без премногу да водат сметка за туѓите емоции.

Нивната љубов за авантури им прави проблем и во склопувањето трајни пријателства и врски, затоа што тешко наоѓаат луѓе што подеднакво страсно како нив ќе сакаат да ги следат во секој чекор.

Потребно им е да бидат свесни за сопствената харизма и да не се обидуваат да ги потиснат другите луѓе за да ги остварат сопствените цели или за да се истакнат.

Јарец

Тврдоглави, не знаат да простат, постојано се скептични

Тие се мошне трудољубиви луѓе, кои се мошне интелигентни и веруваат дека ги имаат сите одговори, па заради тоа честопати им се случува да веруваат дека само нивното размислување е правилно.

Овие негативни особини на Јарците најмногу им прават проблеми во врската, но кога ќе станат свесни за сопствените грешки, стануваат прекрасни, приземни партнери и пријатели.

Мора да научат да прифатат дека не се секогаш во право и да бидат пофлексибилни, односно да им дозволат и на другите да го кажат сопственото мислење.

Водолија

Исклучени, догматични, расеани

Нивните најсилни страни може да им станат најголеми слабости.

Важат за ексцентрични и темпераментни луѓе со слободен дух, па заради тоа често им се случува да делуваат „исклучено“ од реалниот свет и непостојани.

Потребно е да им дадат време на другите за тие да сфатат дека се мошне креативни и чувствителни луѓе.

На Водолиите вообичаено им треба време добро да ве запознаат, за потоа да ви станат добри пријатели со кои ќе можете да водите долги интелектуални разговори.

Риби

Ирационални, премногу чувствителни, постојано некаде летаат

Тие се толерантни, интуитивни и одлични слушатели, на кои можете да им ги кажете сите проблеми, но често им се случува туѓите емоции и проблеми да ги прифатат како свои, па да имаат проблеми заради тоа.

Потребно е да научат дека треба да не ги прифаќаат туѓите емоции како свои за да можат да водат емотивно и ментално стабилен живот.

Исто така, мошне се чувствителни и не поднесуваат критики, па потребно е да научат подобро да се справуваат со негативните коментари упатени на нивна сметка.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава