Која храна ви е афродизијак, според хороскопскиот знак?

koja-hrana-vi-e-afrodizijak-spored-horoskopskiot-znak-02.jpg

Вага

Ги возбудуваат убавите мириси и вкусови на храната, но мирисот на чоколада ги вади од колосек.

Доколку сакате да ги возбудите, потрудете се да ги почестите со вкусни чоколадни десерти пред сексот.

Скорпија

Се вели дека за скорпиите не е потребна дополнителна стимулација за секс – затоа што тие се секогаш подготвени, без разлика на тоа каде се наоѓаат.

Сепак, ако треба да се избере еден вкус што им е вистински афродизијак – тоа е вкусот на тартуфите.

Ако не можете да си дозволите скапа вечера со тартуфи, тогаш за вечерата искористете маслиново масло „зачинето“ со нивниот вкус.

Стрелец

Се смета дека ако стрелецот не е расположен за секс, тогаш само треба да ги послужите со зачинета храна.

Индиската храна која изобилува со мноштво зачини и вкусови е вистински афродизијак за нив.

Јарец

Важат за мошне големи зависници од работа, но кога сакаат да се опуштат, тоа го прават во целост.

Најмногу им се допаѓа вкусот и мирисот на ванила.

Можете да ги послужите со десерт со вкус на ванила, или искористете лосион за тело или парфем со мирис на ванила и сигурно ќе го возбудите Јарецот.

Водолија

Важат за мошне социјални луѓе, што сакаат постојано да излегуваат и да се дружат, па воопшто не зачудува фактот што сексуално ги возбудува вкусот на алкохолните пијалаци.

Многу повеќе им се допаѓаат горчливите вкусови, од оние благите, а се смета дека текилата е нивен афродизијак.

Риби

Рибите се непоправливи романтичари и за нив храната не е толку голем афродизијак, како атмосферата.

Подгответе романтична вечера со вино и свеќи и тоа ќе биде доволно за да може да се опуштат и да им се препуштат на страстите.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каков татко сте според хороскопот (но, и која ви е маната)? Стрелец - Авантурист татко. Парк. Велосипед. Топка. Со него секое излегување е з...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
Какво детство сте имале, според хороскопскиот знак на вашата мајка? Ако вашата мајка е родена во знакот на Стрелец, тогаш вашето детство била една д...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...

Најчитани неделава