Со кој хороскопски знак ќе бидете мизерни во врска, според астрологијата?

so-koj-horoskopski-znak-kje-bidete-mizerni-vo-vrska-spored-astrologijata-02.jpg

Вага

Со Рак – вие сте умерена личност, па интензитетот на луѓето во овој знак може да направи да се чувствувате непријатно.

Во врската со Рак, постојано ќе се чувствувате дека не се трудите доволно, а ова ќе ви предизвикува и чувство на вина.

Скорпија

Со Лав – имате многу заеднички особини со овие луѓе, но токму ова може да биде проблем.

И двајцата сте самоуверени, шармантни и сакате внимание, па врската може да се претвори во натпревар.

Постојано ќе пробувате да докажете дека сте подобри од партнерот.

Стрелец

Со Бик – на луѓето во овој знак нема да им се допаѓа вашата желба за авантури.

Биковите се перфекционисти и планираат до најситниот детаљ, а ова може да ве иритира.

Покрај тоа, Бикот постојано ќе ве советува како да го живеете вашиот живот, а ова ќе создаде дополнителна тензија во врската.

Јарец

Со Овен – не би имале многу заеднички работи во врска со личност во овој знак.

Секогаш ќе имате проблеми со комуникацијата бидејќи вие сте личност која ја цени својата приватност, додека Овните се нетрпеливи и сакаат да знаат сè.

Ќе ви треба цела вечност за да почнете да си верувате и да се отворате еден пред друг.

Водолија

Со Скорпија – вашата бунтовна природа, заедно со фактот дека не премолчувате ништо, може да биде сериозен проблем во оваа врска.

Скорпиите не простуваат лесно и важно им е како изгледаат во очите на другите.

Вие, пак, сте сосема спротивни и воопшто не ви е грижа за туѓото мислење.

Риби

Со Водолија – ќе ви биде тешко да се справите со променливите емоции на овие луѓе.

Вие сте многу чувствителна личност која ги „впива“ туѓите емоции, па променливото расположение на Водолиите ќе ви биде вистински товар.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои се среќни денови во декември за секој хороскопски знак? Последниот месец во годината, исто како и останатите 11, носи по неколку среќни ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава