Како секој хороскопски знак (суптилно) ќе ви покаже дека се заљубува во вас?

Ако навистина им се допаѓате на Рибите, тие ќе ви ги раскажат своите соништа. Познати се по тоа што многу тешко се отвораат, дури и пред најблиските, па споделувањето интимни соништа е најдоброто нешто што можат да ви го понудат за да ви покажат дека им значите. 

kako-sekoj-horoskopski-znak-suptilno-kje-vi-pokazhe-deka-se-zaljubuva-vo-vas-01_copy.jpg

Некои луѓе отворено ќе ви кажат дека им се допаѓате и дека почнуваат да се заљубуваат во вас. Други, пак, со суптилни знаци и разговори, ќе ви дадат до знаење дека полека почнуваат да чувствуваат нешто за вас.

Според астролозите, токму хороскопскиот знак има големо влијание на тоа како реагира секој од нас кога почнува да се заљубува.

Па, како секој хороскопски знак (суптилно) ќе ви покаже дека се заљубува во вас?

Овен

Овните не се воопшто суптилни, па тие директно ќе ви кажат дека им се допаѓате.

Не знаат да ги прават работите бавно, и затоа веднаш јасно ќе ви кажат дека се заинтересирани, ќе бидат упорни и ќе сакаат да поминувате што е можно повеќе време заедно.

Бик

Биковите ќе ви делат комплименти, ќе ви кажуваат слатки зборови и ќе се надеваат дека ќе ја сфатите скриената порака дека им се допаѓате.

А, ако им се допаѓате многу, тогаш ќе почнат да ви купуваат подароци, макар и ситници, со кои ќе сакаат да ви го привлечат вниманието.

Близнаци

Близнаците ќе флертуваат со вас и така ќе се обидат да ви дадат до знаење дека почнуваат да се заљубуваат.

Со вас ќе бидат поразлични отколку со сите останати од нивната околина и ќе се трудат да разговарате што е можно подолго.

Рак

Ако почне да се заљубува во вас, Ракот ќе почне да ви „држи лекции“ и да ви кажува како треба да се однесувате, што да правите, како да бидете безбедни.

Иако ова можеби не е најдобрата тактика, за Раковите е единствениот начин да ви покаже дека се грижи за вас, бидејќи е заљубен.

Лав

Иако секогаш се става себеси на прво место, кога е заљубен, Лавот на сите ќе им раскажува колку сте прекрасни, паметни, добри.

Тој нема да штеди комплименти за вас пред другите, со надеж дека ќе ја сфатите пораката.

Девица

Девиците суптилно ќе ви понудат помош или совет, со надеж дека ќе поминете повеќе време заедно.

А бидејќи се добри слушатели, со задоволство ќе ве ислушаат за сè, па вие нема да можете да одолеете на нивниот шарм.  

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...

Најчитани неделава