Колку долго ќе живеете и со кои карактеристики се истакнувате, според еврејскиот хороскоп?

kolku-dolgo-kje-zhiveete-i-so-koi-karakteristiki-se-istaknuvate-spored-evrejskiot-horoskop-02.jpg

Мознаим (Вага) 23.09 – 22.10

Животен век: повеќе од 80 години.

Луѓето родени во знакот Мознаим често се многу благородни, весели и многу социјални.

Како и Вагите, тие се издвојуваат по своите манири, грациозност и елеганција и, пред сѐ, ја ценат убавината, но се многу динамични.

Тие лесно ги решаваат конфликтите и се многу шармантни.

Понекогаш, сепак се неодлучни и бегаат од напнати ситуации, а во љубовта се одлични партнери.

Тие особено се истакнуваат како едни од најдобрите родители во астрологијата.

Акрав (Скорпија) 23.10 – 22.11

Животен век: повеќе од 80 години.

Овие луѓе се многу храбри и бескомпромисни, а се исклучително динамични, енергични и интелигентни. 

Тие размислуваат логично, но нивната страст понекогаш ги спречува да постигнат успех.

Сакаат да се натпреваруваат, борбени се и многу лојални, а склони се и кон духовноста.

Умеат да бидат мистериозни, а во љубовта крајно посесивни, па имаат љубоморни испади и можат да претераат.

Кешет (Стрелец) 23.11 – 21.12

Животен век: повеќе од 80 години.

Духовити како и Стрелците, овие луѓе обожаваат забава и друштво. 

Пред сѐ ја ценат слободата, па секогаш се стремат кон независност и начин да се изразат како што сакаат.

Тие можат да бидат материјалисти и секогаш да размислуваат неколку чекори понапред, а понекогаш се и малку вообразени и нарцисоидни. 

Понекогаш знаат да бидат премногу напорни во љубовта и важно им е да бидат доминантни во врската, па дури и да имаат контрола над партнерот.

Геди (Јарец) 22.12 – 1.20

Животен век: повеќе од 80 години.

Родените во знакот Геди се многу педантни, а понекогаш и премногу строги и имаат исклучително силен карактер. 

Верни се и можете да им верувате, но не заборавајте дека нивниот личен интерес е најважен за нив.

Одлично управуваат со пари, па затоа секогаш и имаат, а во љубовта генерално имаат скромни барања.

Опкружувањето генерално мора да вложи многу напор за да ги разбере и прифати бидејќи тие тешко се вклопуваат во новото општество и средина. 

Дели (Водолија) 21.01 – 19.02

Животен век: повеќе од 81 година.

Луѓето кои припаѓаат на овој знак се генерално многу чесни и им е важно општото добро, па затоа се хумани и подготвени да се откажат од нешто важно заради другите. 

Тие се горделиви, но едноставни. 

Можат да бидат малку завидливи и да мислат дека се подобри од другите затоа што се свесни за своите квалитети.

Обично се приврзани за семејството и се трудат да имаат рамноправен однос со партнерот во бракот и на прво место да бидат пријатели.

Дагим (Риби) 20.02 – 20.03

Животен век: повеќе од 83 години.

Овие знаци имаат изразени интуиција, инстинкт и емоции.

Овие луѓе се уметници и се склони кон мистичното.

Многу ја ценат правдата и постојано се трудат да воспостават мир и рамнотежа, а имаат и донекаде нестабилна природа и можат да бидат плашливи.

Друштвени се и сакаат да ги забавуваат другите, но често се повлекуваат во себе. 

Откако ќе ги нападнат другите, тие обично брзо се каат.

Сакаат да му угодуваат на партнерот, а важно им е да го задоволат и физички и емотивно. 

Како родители, тие често се премногу попустливи.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
6 месеци во кои се родени луѓето со кои никогаш не е здодевно (и зошто ви требаат) Родените во декември се душата на секоја забава и луѓе што секој сака да ги има ...
5 месеци во кои се родени луѓето што се вечни оптимисти (и зрачат позитива) Родените во декември ретко дозволуваат лошите денови да ги оттурнат. Тие се прир...
Во кои месеци се родени луѓето што се лидери во животот? (рангирани од најдобриот) 2-ро место: Родени во јули - Ги читате луѓето како евтин роман. Вие ги носи...
4 месеци во кои се родени луѓето кои денес треба да останат во пижами цел ден Родени во април: Денес едноставно не сте расположени за ништо. Сонцето сјае, тел...

Најчитани неделава