Што треба, а што не треба да прави секој хороскопски знак за време на последниот ретрограден Меркур?

Биковите не треба да дозволат туѓото мислење да им ја разниша самодовербата, а Скорпиите треба да бидат внимателни како се изразуваат и што зборуваат. Што не треба да правите ако сакате да го преживеете ретроградниот Меркур без проблеми?

shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravi-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-posledniot-retrograden-merkur-01.jpg

Дури и оние што не знаат премногу за астрологијата, веќе знаат дека периодот на ретроградниот Меркур не е поволен и дека може да донесе повеќе стресови и нервози од вообичаено. Со оглед на тоа што последниот ретрограден Меркур годинава се поклопува со предновогодишните подготовки, ова може да биде мошне стресен период за многумина.

Во периодот од 13-ти декември до 1-ви јануари очекувајте проблеми во комуникацијата, неочекувано бунило, голем број грешки во работењето и чудни средби со бившите љубови.

Во продолжение погледнете што секој хороскопски знак треба или не треба да прави во овој период за да го помине најбезболно:

Овен

Што треба да правите:

Размислете за плановите на професионален план и за вашите амбиции;

Потрудете се да ги подобрите вашите профили на социјалните мрежи и да привлечете повеќе следбеници;

Потрудете се да изведете заклучоци од минатите грешки и падови.

Што не треба да правите:

Да ги сфаќате лично сите критики од претпоставените или од менторите;

Да се опседнувате со мислењето што другите луѓе го имаат за вас;

Да бидете самокритични и да се обвинувате затоа што сте далеку од остварувањето на целите.

Бик

Што треба да правите:

Да се вратите кон науката, кон книгите и да си дадете време да се потсетите на знаењата што сте ги стекнале во минатото;

Да се фокусирате повеќе на патувањето, отколку на целта;

Да почнете да ги правите работите што ве прават среќни.

Што не треба да правите:

Да се задлабочувате премногу во туѓите мислења за вашето минато, сегашноста или иднината;

Да се потпирате само на еден план, што не смее никако да ви пропадне;

Да ги присилувате другите луѓе да го прифатат вашето мислење.

Близнаци

Што треба да правите:

Да направите ребаланс на финансиите и да ги исплатите долговите што ги должите;

Да поставите здрави граници во врските, особено со луѓето од минатото;

Разговарајте со партнерот за да бидете сигурни дека имате усогласени ставови за некои важни прашања.

Што не треба да правите:

Да донесувате важни финансиски одлуки без претходно добро да ја проучите ситуацијата;

Да почнете некоја нова врска или, пак, да ставите крај на постоечката без претходно добро да размислите;

Да се опседнувате со одмаздата за луѓето што ви згрешиле.

Рак

Што треба да правите:

Почнете повеќе да се дружите со луѓето од минатото, особено ако имате нерасчистени сметки;

Разговарајте за проблемите во комуникацијата со луѓето околу вас и потрудете се да најдете решенија;

Потрудете се да си востановите секојдневна рутина и да се држите до неа.

Што не треба да правите:

Само да претпоставувате како се чувствуваат луѓето околу вас, без да разговарате;

Да си давате повеќе обврски од тоа што можете да го завршите;

Да очекувате инстант резултати за сè што правите.

Лав

Што треба да правите:

Потрудете се на работното место задачите да ги извршувате чекор по чекор;

Најдете време за работите што ве прават среќни и прават да се чувствувате исполнето во секојдневниот живот;

Почнете да се занимавате со некое хоби што ве прави среќни.

Што не треба да правите:

Да се проценувате себе колку сте успешни врз основа на продуктивноста;

Да ги игнорирате здравствените проблеми што може да се појават;

Да ги занемарувате знаците дека нешто не е во ред во вашата врска.

Девица

Што треба да правите:

Потрудете се да се поврзете со детето што живее во вас и да уживате во работите што ве правеа среќни кога бевте дете;

Потрудете се да внесете повеќе романса и изненадувања на љубовен план;

Исчистете го добро домот и потрудете се да ги решите недоразбирањата со членовите во семејството.

Што не треба да правите:

Да си поставувате превисоки критериуми, што е невозможно да ги достигнете;

Да си дозволите вашата самодоверба да зависи само од признанијата што ги добивате од другите;

Да се вратите повторно на старите лоши навики од кои ви требало долго време да се откажете.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кои се среќни денови во декември за секој хороскопски знак? Последниот месец во годината, исто како и останатите 11, носи по неколку среќни ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...

Најчитани неделава