Што треба, а што не треба да прави секој хороскопски знак за време на последниот ретрограден Меркур?

shto-treba-a-shto-ne-treba-da-pravi-sekoj-horoskopski-znak-za-vreme-na-posledniot-retrograden-merkur-02.jpg

Вага

Што треба да правите:

Посветете се на редекорирање или на реорганизација на домот;

Потрудете се да воспоставите контакт со роднините и пријателите со кои долго време не сте се слушнале;

Размислете добро како разговарате, особено во периоди кога сте во конфликт или сте имале недоразбирање.

Што не треба да правите:

Да се чувствувате помалку вредни заради семејството од кое потекнувате или од каде доаѓате;

Да носите трајни одлуки што ќе влијаат на вашиот живот во домот;

Да посветувате премногу време на луѓето што не го заслужуваат тоа.

Скорпија

Што треба да правите:

Проверете ги сите непрочитани мејлови и завршете ги разговорите што сте ги започнале;

Размислете добро за содржините што редовно ги читате и како тие ви влијаат:

Размислете добро кои вредности ги почитувате и на што треба да му дадете приоритет во животот.

Што не треба да правите:

Да се сконцентрирате премногу на деталите и да не ја забележувате крупната слика;

Да не внимавате што зборувате, особено ако ситуацијата е сензитивна;

Да трошите пари неконтролирано, па потоа да се жалите дека сте згрешиле.

Стрелец

Што треба да правите:

Потрудете се да заштедите пари, наместо да се потпирате на тоа дека ќе ги покриете долговите од следните плати;

Расчистете со сите нерасчистени работи од минатото и потрудете се да воочите колку далеку сте успеале да стасате;

Прифатете дека заслужувате да бидете сакани, такви какви што сте.

Што не треба да правите:

Да им дозволите на другите да ви кажат какви сте или што треба да правите;

Да си дозволите да останете без скршен денар, а потоа да чувствувате како финансиската состојба ви ја убива самодовербата;

Да ги одложувате моментите на среќа, сè додека не постигнете некои невозможни и нереални критериуми.

Јарец

Што треба да правите:

Не се опседнувајте со чудните моменти каде вашето минато ќе се сретне со сегашноста;

Дајте си време да останете сами и да се запознаете себеси подобро;

Пишувајте дневник, медитирајте и потрудете се да си ги средите мислите.

Што не треба да правите:

Да се трудите да се менувате себеси за да можете да се вклопите во средината во која живеете;

Да се опседнувате со работи што не можете да ги промените или да ги контролирате;

Да направите трајни промени во изгледот, за кои може да зажалите.

Водолија

Што треба да правите:

Најдете соодветна терапија и дајте си време за да се закрепнете од траумите од минатото;

Потрудете се да бидете попозитивни, медитирајте и размислете за сопствените соништа;

Потрудете се да најдете начин да ги остварите целите што некогаш сте мислеле дека се недостижни.

Што не треба да правите:

Да дозволите да бидете вовлечени во проблемите на блиските или пријателите;

Да дозволите да ве надвладеат негативните мисли;

Да си создавате притисок да одите на социјални настани и тогаш кога не ви се оди никаде.

Риби

Што треба да правите:

Најдете начин да го исполните ветувањето што сте им го дале на луѓето;

Најдете повеќе хобија што ви дозволуваат да ја покажете својата хуманитарна природа и да се покажете како подобра личност;

Размислете добро за сопствената кариера и дали сте на вистинскиот пат да го постигнете тоа што го сакате.

Што не треба да правите:

Да се присилувате себеси за да се вклопите во средината каде ќе ја загубите сопствената уникатност;

Да поминувате премногу време со луѓето што се лицемерни и само ви се претставуваат како пријатели;

Да го цените сопствениот успех само врз основа на тоа каде работите или во каков правец ви се движи кариерата.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кои се среќни денови во декември за секој хороскопски знак? Последниот месец во годината, исто како и останатите 11, носи по неколку среќни ...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Годишен хороскоп за 2026: Стрелец 2026 година за Стрелците носи длабоки промени, освестување и нови можности, при ...

Најчитани неделава