Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак?

Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска или сингл, овие луѓе секогаш се во потрага по апсолутна и безусловна љубов за до крајот на животот.

kolku-vistinski-ljubovi-kje-imate-vo-zhivotot-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Дали сте од оние што лесно се вљубуваат и за секоја нова личност сметате дека е „вистинската“ или, пак, се вљубувате еднаш и тоа трае цел живот? Според астролозите, и хороскопскиот знак има влијание врз тоа колку вистински љубови ќе имате во животот.

Погледнете колку „вистински“ љубови има секој од хороскопските знаци:

Овен

Мошне се скептични кога станува збор за љубовта. Кога раскинуваат со некого, продолжуваат понатаму и веќе не се свртуваат назад, а со оглед на тоа што се мошне брзи и импулсивни, но и љубопитни, често може да им се случи ненадејно да најдат нова љубов.

Генерално се верува дека Овните може вистински да сакаат до трипати во животот.

Бик

Ова се луѓе што се упорни и тврдоглави, а кога ќе засакаат некого, го сакаат со цело срце и имаат желба тоа да трае за цел живот.

Биковите се луѓе што најчесто имаат само по една вистинска љубов во животот, а секоја наредна ја споредуваат со неа.

Близнаци

По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска или сингл, овие луѓе секогаш се во потрага по апсолутна и безусловна љубов за до крајот на животот и по следната личност што може да им ја пружи.

Се верува дека Близнаците најмалку трипати ќе ја најдат вистинската љубов и за секоја од нив ќе веруваат дека е најдобрата.

Рак

Сентиментални и чувствителни, на Раковите може да им се случи двапати во животот да бидат фатени во стапицата на љубовта и да веруваат дека ја нашле вистинската личност.

Ако се случи да бидат разочарани од својата прва љубов, Раковите ќе потрошат долг период на закрепнување и потрага по нов партнер, но кога конечно ќе го пронајдат, ќе дадат сè од себе за таа љубов да потрае.

Лав

Лавовите се по природа освојувачи кои не се плашат емотивно да се врзат. Во секоја нова врска влегуваат целосно посветени, и воопшто не се плашат дали ќе бидат изневерени или повредени.

За нив не постои „вистинска“ љубов, на секој нов партнер тие му се посветуваат целосно и постојано се вљубени.

Девица

Важат за луѓе што се мошне скептични кога станува збор за љубовта. Многу им е тешко да се отворат и да дозволат некому да го окупира целиот нивен свет.

Затоа, веројатно е дека Девиците ќе имаат само две вистински љубови во животот. Но, додека да ја најдат вистинската личност за нив, Девиците ќе останат посветени на своите цели и амбиции.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
Три судбински промени за секој хороскопски знак во 2026-та - Што да очекувате следната година? 2026-та нема да биде година на грандиозни планови, туку на повеќе помали, внатре...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава