Шеговит хороскоп: Со која помисла ќе ја дочека Нова година секој хороскопски знак?

2024 година е на прагот, а сите ние сме по малку љубопитни за тоа што ќе ни донесе. Со која помисла секој од хороскопските знаци ќе ја остави зад себе 2023-та и ќе ја дочека новата година?

shegovit-horoskop-so-koja-pomisla-kje-ja-docheka-novata-godina-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Во следниот хороскоп се обидовме на малку шеговит начин да ви покажеме како размислуваат хороскопските знаци и што најверојатно ќе им се врти во глава додека ја дочекуваат новата година.

Овен

„Уште не почнала, а успеав да ја уништам 2024. Кај и да е, 3000-та ќе биде мојата година“.

Ви се чини дека се возите на брз ролеркостер, а годините само си летаат покрај вас.

Имате желба за незаборавна авантура, па подготвени сте да чекате до 3000-та година за да ја доживеете.

Бик

„Ќе си седам дома – не одам на забави затоа што не планирам да пијам“.

Вие сте од оние што не сакаат новогодишната вечер да ја дочекаат под дејство на алкохол, па затоа најверојатно ќе изберете да си седите дома.

Само ретките Бикови годинава ќе донесат ризични одлуки, но треба да знаете дека никој нема да ве осудува ако си дозволите и малку да се забавувате.

Близнаци

„Следнава година мора да бидам понормален/на“.

Свесни се дека во голема мера се разликуваат од другите луѓе, па Близнаците во 2024 најверојатно ќе дадат сѐ од себе за да бидат „понормални“.

Но, новогодишната ноќ нема да биде толку забавна, без вашиот уникатен дух.

Рак

„Јас ја имам главната улога – затоа сѐ што е лошо ми се случува мене“.

Ќе се чувствувате како главни ликови во некоја ТВ сапуница.

Убаво би било да запомните дека секоја добра приказна има пресврт, а можеби 2024-та ќе биде годината кога конечно ќе ви се случи нешто незаборавно.

Лав

„Можам мирно да спијам, немам за што да се грижам“.

Додека другите луѓе може да збеснат ако ништо важно не им се случува во животот, за Лавовите ова е момент кога може да си легнат и да се наспијат.

Уживаат кога знаат дека животот им е празен и може да си дадат барем за миг оддишка.

Девица

„Постојано созревам и учам нешто ново за светот“.

Девиците во новата година ќе влезат сконцентрирани на сопствените мисли и размислувања.

Само овие луѓе може да направат сѐ и во миговите кога треба да се опуштат, да најдат начин да си ги организираат мислите за да знаат дека ќе можат потоа мирно да спијат.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Драстичната животна промена што наскоро ве очекува, според хороскопскиот знак Ракови, ќе си ја промените перспективата за нешто важно, и тоа благодарение на л...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...

Најчитани неделава