Хороскопските знаци рангирани според емотивната стабилност (Скорпиите се цврсти како карпа)

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-emotivnata-stabilnost-skorpiite-se-cvrsti-kako-karpa-02.jpg

Вага

Вагите сакаат сè околу нив да биде избалансирано, па се водат од истото правило и кога станува збор за емоциите.

Со оглед на тоа што им е потребно повеќе време за да постигнат емотивна стабилност и да бидат миротворци во опкружувањето, Вагите често практикуваат медитации и други вежби за контролирање на гневот и негативните чувства.

Нивната емотивна стабилност најмногу доаѓа до израз кога ќе се најдат во ситуација каде што треба дипломатски и на љубезен начин да се справат со тешки конфликти и личности, а речиси сите остануваат изненадени од нивниот непроменлив израз на лицето.

Јарец

За Јарците, најважни се дисциплината и практичноста. Одлично знаат да се справат со сопствените емоции во миговите кога треба да ги остават своите амбиции и цели.

Од друга страна, пак, кога ќе се соочат со подеми и падови, тие се трудат овие ситуации да ги искористат како важна лекција за иднината.

Но, негативна страна им е тоа што кога ќе се соочат со одбивање или неуспех, често знаат да станат опсесивни и да почнат да бараат негативни механизми на заштита, како зависности и пороци.

Близнаци

Познати се по тоа што имаат подвоена природа и се мошне нестабилни. Близнаците често се премислуваат и не знаат како да се задржат постојано на истите ставови.

Заради ова, често важат за луѓе што се недоверливи и на кои не можете да се потпрете.

Често тешко им паѓаат недоразбирањата со саканите, но знаат брзо да се приспособат на промените, па оттука доаѓа и нивната најголема емоционална сила.

Дури и во тешки ситуации, Близнаците знаат како да комуницираат разумно и да ги решат сите проблеми.

Лав

Познати се по силната самодоверба и харизма, а нивната емотивна издржливост се гледа во тоа што секогаш знаат како да го подобрат расположението кај другите и брзо да застанат на нозе по секој пад.

Иако делуваат по малку грубо, Лавовите во основа се мошне чувствителни и лесно можете да ги повредите. Тие не знаат како да се справат со одбивања, а не прифаќаат шеги на своја сметка.

Вистината е дека Лавовите се лутат кога работите не одат така како што испланирале или кога луѓето не им се восхитуваат и не им го даваат посакуваното внимание, па заради тоа знаат лесно да потпаднат под товарот на емоциите.

Но, без разлика колку и да е страшна нивната реалност, Лавовите секогаш ќе одглумат храброст и нема да покажат слабост.

Овен

Тие се мошне храбри, ентузијасти со вродени лидерски способности, кои на животот му приоѓаат бестрашно и секогаш се подготвени за нови предизвици.

Сакаат возбуда и промени во животот.

Но, негативни страни им се нетрпеливоста, темпераментот, нервозата, ниската толеранција и избувливоста, заради што важат за едни од знаците во Зодијакот што се најмалку емотивно стабилни.

Риби

Познати се по сопствената емпатија и чувствителност, па често знаат во себе да ги соберат и туѓите емоции. За среќа, често ова се креативни луѓе, кои знаат како преку сопствените креации да се ослободат од негативните емоции.

Важат за емотивно најнестабилни луѓе, кои често ги менуваат одлуките, водени не само од сопствените, туку и од емоциите на луѓето околу нив.

Убавата страна е што во Рибите секогаш ќе имате пријател полн со разбирање и сочувство, а негативна е тоа што постојано ќе мора да внимавате на нивните емоции.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
4 хороскопски знаци кои се опседнати со пари (и заработуваат многу) Лавови, вие сте личност која сака луксуз, а за ова знаете дека ви требаат пари. ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...

Најчитани неделава