Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Хороскопските знаци рангирани според тоа колку се одговорни со пари (Рибите трошат најмногу)

horoskopskite-znaci-rangirani-spored-toa-kolku-se-odgovorni-so-pari-ribite-troshat-najmnogu-02.jpg

Близнаци

Како личност која често си го менува мислењето, често си го менувате и ставот кон парите, но и финансиската состојба.

Некогаш го штедите секој денар, а некогаш ја трошите целата заштеда одеднаш.

Знаете да најдете начин да заработите добро, но знаете да најдете начин и да истрошите огромна сума одеднаш.

Вам како да ви е здодевно кога животот не ви наликува на ролеркостер, па во повеќето случаи, самите си ги создавате финансиските проблеми.

Стрелец

Вие самите се фалите дека не сте финансиски одговорни и го кажувате тоа како да е добро нешто.

Притоа, без разлика каква ви е состојбата, вие повеќе сакате да се жалите дека немате пари, отколку да направите план за заштеда или да најдете подобар извор на приходи.

Кога, пак, имате пари, неразумно ги трошите и за вас е практично невозможно да заштедите нешто.

Јарец

Вие сте амбициозна и вредна личност која знае како да заработи голема сума пари.

Но, проблемот е што некогаш донесувате лоши одлуки бидејќи одбивате да ги слушате советите на поискусните.

Можете да штедите неколку години по ред и да го зголемите богатството, но потоа да изгубите сè со една непромислена одлука

Можете долг период да бидете одговорни со парите, за потоа одеднаш да почнете да трошите неразумно.

Водолија

Вие не сте неодговорни со парите. Вашиот проблем е тоа што сте премногу дарежливи.

Во ред е да им помагате на другите кога сте во можност, но вие давате пари насекаде, дури и кога немате за себе.

И, во повеќето случаи, токму ова е причината за вашите финансиски проблеми.

Не заборавајте дека некогаш треба да бидете себични и да ги ставите вашите потреби на прво место, пред да им помогнете на другите околу вас.

Лав

Како Водолиите, и вие сте дарежлива личност. Сепак, за разлика од нив, вие добро размислувате кому ќе му помогнете.

Проблемот е што вие сте личност која лесно им верува на другите и понекогаш е наивна. А, многумина го злоупотребуваат ова и ве наведуваат да им дадете пари, да инвестирате во нешто сиугрно и слично.

Некогаш вие сте и свесни за огромните ризици, но сакате да изгледате добро во очите на другите, па сепак ги преземате. Дури и кога знаете дека најверојатно ќе следи финансиска катастрофа.

Риби

Вистинска реткост е да ви остане некој денар од платата на крајот од месецот.

Без разлика колкави се вашите примања, вие наоѓате начин да ги истрошите буквално сите пари.

Вие не сте лоша личност, но сте навистина лоши со парите.

Во животот поважни ви се апстрактните и духовните работи отколку материјалното и токму поради ова не ни обрнувате внимание каде и на што трошите.

Сепак, некогаш мора да размислите и за вашата иднина и кога-тогаш да научите да штедите или барем да бидете поодговорни.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Кој штеди, а кој троши повеќе отколку што има: Какви се хороскопските знаци со парите? Скорпиите го штедат поголемиот дел од заработката и обично трошат само на неопхо...
Која домашна обврска најмногу му одговара на секој хороскопски знак? Лавови, вие обожавате да миете садови затоа што сте убедени дека никој не го пра...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
Како најлесно да заштедите пари, според хороскопскиот знак? Бикови, вие сметате дека луксузот не е привилегија, туку право на секој човек, п...
Кој метод на штедење ќе биде најефикасен за вас во 2024-та, според хороскопскиот знак? Девиците ќе заштедат така што ќе научат нови вештини, а Скорпиите треба да се др...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg