Која особина не можете да ја толерирате кај партнерот, според хороскопскиот знак?

Рибите мразат лажговци, а Јарците мрзеливи и бесцелни луѓе. Која особина ве иритира кај партнерот и во никој случај не би ја толерирале, според хороскопот?

koja-osobina-ne-mozhete-da-ja-tolerirate-kaj-partnerot-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Што е она што веднаш може да го натера секој хороскопски знак да се „одљуби“ и да си ја побара среќата на некое друго место? Според астролозите, секој хороскопски знак има по една слаба точка што му ја убива желбата за романтика и го тера да си замине.

Прочитајте во продолжение што е она што му оди на нерви на секој хороскопски знак и нема да сака да го толерира кај својот иден партнер.

Овен – Здодевност и лицемерие

Овенот може да толерира многу работи, но го излудува кога ќе забележи дека некој му глуми дека е нешто што не е или ако забележи дека сте лицемерни.

Можете да им растурате по дома, да им го удрите автомобилот, постојано да се расправате со нив, но немојте да глумите дека сè е во ред кога не е и потрудете се да не бидете здодевни, секогаш барајте нешто забавно и интересно за да ги нахраните нивните темперамент и импулсивност.

Бик – Кога некој им кажува што треба да прават

Познати се дека сакаат да уживаат во комфор и дека за нив е мошне важно да стекнат свое место во светот, за што најмногу работат.

Тие се среќни кога треба некому да му дозволат да го дели со нив она за што напорно работеле, но во никој случај не се обидувајте тоа да си го присвоите или, пак, да им кажувате што треба да прават и како да си ја работат работата.

Близнаци – Нефлексибилност

Познато е дека Близнаците често се премислуваат, ги менуваат плановите, мислењата, па заради тоа редовно и ја менуваат личноста на која се лојални во моментот.

Ним им се потребни партнери и пријатели што ќе им дозволат постојано да истражуваат и да ги испробаат сите можности. Така што, никогаш не би сакале да бидат во врска со некој што не сака да им се придружи во нивните авантури и да ги исполнува нивните моментални желби.

Рак – Неважни разговори

Тоа се луѓе што постојано се борат со своите длабоки емоции, егзистенцијалната криза, но и грижата на совеста за некои пропаднати врски.

Тие имаат длабоки емоции и не сакаат да ги прикриваат со неважни и површни разговори. Никогаш не би сакале да продолжат да бидат во врска со некој што не е подготвен целосно да се посвети на врската и на сопствените чувства.

Лав – Немање цврсти ставови

Лавовите се родени лидери кои секогаш стојат во одбрана на своите ставови и убедувања. Заради тоа тие ги презираат луѓето што лесно потпаѓаат под туѓи влијанија, немаат изградени ставови и немо посматраат додека некој трпи неправда или не знае што треба да прави понатаму.

Никогаш нема да им биде забавно да бидат во врска со некого што нема да знае како да им се спротивстави и нема да биде цврст противник, со кого можат да дебатираат и да полемизираат за сè она што ги интересира.

Девица – Променливост

Важат за ситничари, луѓе кои знаат да ги осудуваат другите, но доброто е тоа што лесно простуваат и знаат како да се приспособат на промените.

Сепак, кога бараат партнер, тие сакаат да најдат личност на која можат секогаш да се потпрат, па затоа никогаш не би сакале да бидат во долгорочна врска со некои луѓе што се променливи, непостојани и кои секогаш се откажуваат од сопствените цели.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Хороскопски знаци кои ќе имаат среќа во љубовта до крајот на јули 2025 Лав - ако сте сингл, вистинско време да го отворите срцето и да дозволите во нег...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg