Што го тера секој хороскопски знак да остане со партнерот (и кога не е среќен во врската)?

Рибите се несебични луѓе кои се во состојба да ја уништат својата среќа само за да му биде убаво на партнерот.

shto-go-tera-sekoj-horoskopski-znak-da-ostane-so-partnerot-i-koga-ne-e-srekjen-vo-vrskata-01.jpg

Тешко е кога сте во врска која не функционира и од која сакате да се откажете.

Понекогаш навистина се трудите многу, а понекогаш, едноставно, кревате раце и продолжувате понатаму во животот.

Но, знаете ли што го тера секој хороскопски знак да остане во врска и да не се откаже од партнерот?

Овен

Овните сакаат да покажат дека се секогаш во право.

Затоа често знаат да останат во врска која е лоша за нив, а само за да им докажат на пријателите и на блиските дека грешат кога им велат дека партнерот не е за нив.

Бик

Биковите се многу посветени и сакаат стабилност, па кога ќе се навикнат на некого, тешко им е да го пуштат да си оди.

Уште и ако сексот е добар (а Биковите уживаат во сексот), остануваат во врска која не ги прави среќни.

Близнаци

Близнаците не сакаат да се сингл, па поради тоа често остануваат во лоши врски.

Нив им е поубаво да имаат некој со кого можат да разговараат, да се смеат, да излегуваат, дури и да не го сакаат, отколку да се сами.

Рак

Познати како големи емотивци, Раковите знаат да „паднат“ на слатките зборови, дури и да се лажни.

И иако го чувствуваат тоа, не сакаат да се откажат од партнерот, бидејќи им е убаво кога ќе слушнат како им дели комплименти, им зборува за љубовта или ги опсипува со подароци.

Лав

За Лавот е важно да е во центарот на вниманието.

Па сè додека партнерот ги става на пиедестал, нема да се откажат од него.

Девица

Девиците ретко им раскинуваат на своите партнери, напротив, тие почесто се оние што се оставени.

Бидејќи се познати по тоа што сакаат да решаваат проблеми, тие ќе се обидат да го решат секој проблем во врската и да направат компромис, но нема да се откажат, колку и да не се среќни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знае секој хороскопски знак пред да стапи во брак? Девици - наместо да мислите дека знаете што е најдобро за партнерот, секојд...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...
4 хороскопски знаци со најмногу среќа до 2028 година - Ве очекува голем успех, брак или наследство Планетата Сатурн во следните две години (од 2026 до 2028) ќе се движи низ Овен, ...

Најчитани неделава