Една причина зошто сте незадоволни од вашиот живот, според хороскопскиот знак

Риби, вие како постојано да сте разочарани од животот. Реалноста не ги исполнува вашите очекувања за животот и луѓето околу вас, а ова ве демотивира.

edna-prichina-zoshto-ste-nezadovolni-od-vashiot-zhivot-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Некогаш, дури и кога се чини дека имаме сè, можно е да чувствуваме незадоволство во животот.

Во тие мигови важно е да препознаеме што е она што прави да се чувствуваме така.

Зошто чувствувате незадоволство во животот, според вашиот хороскопски знак?

Овен

Вие сте убедени дека многу луѓе ви згрешиле, па поради ова честопати се чувствувате гневно.

Размислувате како да им се одмаздите на оние кои ве повредиле и ова се мисли кои постојано ве обземаат.

Мислите дека никогаш нема да бидете среќни, освен ако не ја задоволите правдата која сте сигурни дека ја заслужувате.

Пробајте да им простите на овие луѓе и ќе се чувствувате многу подобро.

Бик

Вам ви е „преку глава“ да ги правите истите работи одново и одново, а притоа да не видите никаков резултат.

Ако веднаш не добиете награда за она што сте го сработиле, губите секаков мотив да за продолжите натаму.

Порадо би седеле и не би правеле ништо, отколку залудно да се обидувате.

Научете да бидете потрпеливи, разберете дека не секогаш ќе успевате и ќе бидете многу посреќни.

Близнаци

Ако уште една личност ве замоли за услуга или некаква помош, ви се чини дека ќе „експлодирате“.

Сметате дека распоредот ви е пренатрупан, чувствувате преголема одговорност и кон себе и кон другите, а не можете ни да се справите со сите емоции и грижи.

Не заборавајте дека не сте должни да им помагате на сите.

Ако некогаш не сакате да направите нешто, без разлика од која причина, само одбијте и ќе се ослободите од стресот.

Рак

Вам ви се чини дека никој не ве разбира.

Луѓето околу вас ви изгледаат како постојано да глумат и да се преправаат дека се нешто што не се, па не можете да најдете заеднички јазик со нив.

Верувате дека никој не е искрен и транспарентен како вас, па се чувствувате изолирано и осамено.

Пробајте да ги прифатите разликите помеѓу вас и другите.

Лав

Вашето незадоволство произлегува од тоа што ви е здодевно.

Да, секогаш привлекувате внимание, но тоа секогаш се истите луѓе, истите настани и прослави, истите озборувања…

Не ја сакате монотоната секојдневна рутина и очајно ви е потребна промена.

Наместо да очајувате за ова, размислете што можете да промените.

Девица

Разочарани сте бидејќи сте сфатиле дека успехот не секогаш ќе ве направи среќни.

Можеби сте вложиле многу труд и сте постигнале нешто што е незамисливо за другите, но сепак не се чувствувате задоволно.

А, ова ве фрустрира и демотивира.

Можеби треба да размислите дали вашите цели се во склад со вашите желби. Кога ќе бидат, дури тогаш ќе се чувствувате исполнето откако ќе ги остварите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што ве прави убави во очите на другите, според хороскопскиот знак (а, не е поврзано со изгледот)? Вашиот прв инстинкт е да им помагате на другите, дури и кога станува збор за лич...
Астро ќоше: Зошто е уште сингл секој хороскопски знак? Бикот уште е заљубен во бившиот/бившата. Зошто другите хороскопски знаци се уште...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
4 хороскопски знаци кои ќе откријат нова (подобра) верзија од себе ова лето Јарци, новото „јас“ кое ќе го запознаете ова лето е верзија од вас која е полна ...
Една работа со која несвесно си ја саботирате среќата во љубовта, според хороскопскиот знак Близнаци, вашата неодлучност ви создава многу проблеми, особено кога станува збо...
5 хороскопски знаци кои сами си ги саботираат љубовните врски Близнаци, вие сте импулсивни, а токму со оваа карактеристика си ги саботирате вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg