Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Како да се справите со токсичните луѓе, според нивниот хороскопски знак?

kako-da-se-spravite-so-toksichnite-lugje-spored-nivniot-horoskopski-znak-02.jpg

Вага – Оставете ги сами за да се смират

Вагата е знак на стабилност, па кога ќе го загубат балансот, овие личности зрачат негативна енергија и неволја. Очекувајте во тој миг да ги истури сите свои насобрани емоции, да се повлече и да не сака да разговара со вас, па потоа одеднаш да избувне.

Нивните критериуми никој не може да ги задоволи и затоа можеби е најтешко да сфатите дека нивната токсична енергија се шири насекаде.

Затоа, кога ќе забележите дека е во токсично расположение, најдобро е да се тргнете и да ѝ дадете простор на Вагата да се смири и сама да го најде балансот.

Тогаш многу полесно ќе можете да ѝ укажете на грешките.

Скорпија – Бидете искрени и кажете им како се чувствувате

Не велат за џабе дека Скорпијата има отровна боцка со која може да ве повреди. Кога се во токсично расположение тие се намќорести, со променливо расположение и знаат како да ги искористат сите ваши слабости и да ве расплачат.

Ако се најдете во таква ситуација, најдобро е да бидете искрени и да им кажете како се чувствувате.

Дури и најсуровите Скорпии знаат да ја почитуваат искреноста. Затоа, што и да правите никогаш немојте да ги лажете – тие имаат инстинкт на километар да намирисаат лага, а тоа само може да ја влоши ситуацијата.

Стрелец – Не дозволувајте да ве вовлечат во својата негативна аура и бидете пасивни со нив

Не се познати по своето токсично расположение, а кога се негативни, многу е поверојатно да станат самодеструктивни, отколку да повредат некој друг.

Ако си имате работа со токсичен Стрелец, најдобро е да почнете да го избегнувате, затоа што тој нема да се навреди, туку, напротив, ќе ја почитува вашата волја за независност.

Најдобро е да не дозволите да ве вовлечат во нивните фиктивни драми, за да можете да имате објективни ставови за нивните проблеми, кои честопати може да бидат резултат на лошите одлуки што ги донеле во животот.

Јарец – Само климајте со главата и кажете им дека се во право

Кога Јарецот е токсичен, тој никогаш нема да ги прифати туѓите ставови. За нив, сѐ што прават има своја цел и е оправдано, па нема потреба некој да ги критикува или да се труди да ги промени.

За да успеете да си ги сочувате нервите и за да се спасите од нивната негативна енергија, најдобро е да не се расправате или да најдете начин како да ја промените темата на разговор.

Прифатете дека никогаш нема да победите во битката со нив, па дури и ако успеете да им докажете дека сте во право, тие нема да се променат.

Затоа, најдобро е да им климате со глава, да им кажете дека се во право, а кога не ве гледаат, работите да си ги завршите онака како што мислите дека треба.

Водолија – Кажете им дека грешат и ќе ве остават на мир

Тие се подготвени да ги променат светот и вистините, така што ќе бидат во согласност со реалноста што тие си ја зацртале во глава.

Добрата работа е што со нив лесно можете да ги прекинете сите контакти и не треба да очекувате дека ќе се борат за да ве вратат во својот живот.

Во моментот кога ќе им кажете дека грешат, тие тоа ќе го прифатат како директен напад врз нив и нивната креативност, па самите ќе најдат начин да се оддалечат од вашето „токсично“ влијание.

Риби – Разговарајте отворено со нив

Сметате дека се мирни и повлечени, па целосно можете да бидете изненадени од желбата за одмазда што Рибите ја поседуваат кога ќе сфатат дека некој им згрешил.

Иако многумина сметаат дека Рибите прво ќе се повредат себеси отколку некој друг, вистината е дека знаат да бидат пасивно агресивни и итри во креирањето на својата одмазда.

Но, запомнете, ова ќе го почувствувате само ако сте ги повредиле.

Затоа кога некоја Риба е токсична кон вас или ви шири негативна енергија, најдобро е да седнете и да разговарате со нив. Прашајте ги што сте им згрешиле и со што сте го заслужиле нивниот гнев.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Кој е вашиот знак во арапскиот хороскоп и што открива за вас? Копје е првиот знак во арапскиот хороскоп и со него почнува, но и завршува годин...
Зошто ви е тешко да се држите до новите, позитивни навики, според хороскопскиот знак? Овни, премногу сте нетрпеливи, а токму поради ова ви е тешко да се држите до нов...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Како да го задржите интересот на партнерот во врската, според хороскопот? Овен – Сакаат да бидат со некој што ќе ги предизвикува, ќе им биде партнер во ав...
Годишен хороскоп за 2024: Овен Во 2024-та, Овните ќе имаат можност за значителен напредок на професионално поле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg