Кои 4 знаци ќе бидат најсилно погодени од ретроградниот Меркур овој месец и што може да очекуваат?

Вага – За вас април ќе биде најтежок месец во 2024-та година. Кои други 3 знаци ќе бидат најсилно погодени од ретроградниот Меркур?

koi-4-znaci-kje-bidat-najsilno-pogodeni-od-retrogradniot-merkur-ovoj-mesec-i-shto-mozhe-da-ochekuvaat-01.jpg

Ретроградниот Меркур започна на 1-ви април, а ќе заврши на 25-ти април. Дотогаш, според астролозите, претставниците на 4 хороскопски знаци треба да бидат особено внимателни.

Погледнете кои хороскопски знаци треба да бидат особено внимателни во наредниот период и на кое поле негативното влијание на планетата најсилно ќе се одрази.

koi-4-znaci-kje-bidat-najsilno-pogodeni-od-retrogradniot-merkur-ovoj-mesec-i-shto-mozhe-da-ochekuvaat-02.jpg

Овен

Вие најсилно ќе го почувствувате негативното влијание на планетата затоа што ретроградното движење почнува во вашиот знак.

Можно е да чувствувате одредена криза на идентитетот, да се прашувате која е вашата цел во животот и да создадете негативна слика за себеси.

За да го преживеете овој период неопходно е да се потрудите да не размислувате премногу и да не си поставувате себеси голем број непотребни прашања на кои нема да можете да најдете одговор.

Бидете трпеливи и дозволете работите да течат по сопствен тек. Не мора сè во животот да ви се оствари веднаш, научете дека понекогаш за некои работи вреди и да се чека.

Исто така, потрудете се во овој период да не носите важни одлуки за иднината. Сè уште не можете да знаете како ќе се одвиваат работите, а негативното влијание на Меркур ви создава конфузност и во моментов не сте целосно објективни.

Близнаци

Со оглед на тоа што Меркур е вашиот владетел, вие не можете да бидете поштедени од неговото негативно влијание.

Овој април, негативното влијание ќе се одрази врз вашите емоции, врз комуникацијата и врските со другите луѓе, а може да се соочите и со пречки во остварувањето на соништата.

Може да се чувствувате збунети во однос на вашето место во општеството, или за влијанието што го имате врз другите луѓе, па заради тоа тешко ќе остварувате контакти и пријателства.

Најверојатно ова ќе биде период кога ќе треба да се докажете на професионален план, а со оглед на тоа што Меркур ви носи хаотичност и конфузност, наместо да се истакнете, ќе се повлечете во себе и ќе чекате некои подобри денови.

Што и да правите, обидете се во овој период да не се претставувате во лажно светло, затоа што тоа може негативно да ви се одрази во иднина.

koi-4-znaci-kje-bidat-najsilno-pogodeni-od-retrogradniot-merkur-ovoj-mesec-i-shto-mozhe-da-ochekuvaat-03.jpg

Девица

Слично како Близнаците, и Девиците го чувствуваат негативното влијание на нивниот владетел Меркур.

Овој пат планетата ви носи проблеми на емотивен и финансиски план, а можно е да се соочите со некои табу теми, или да мора да расчистите некои долгови од минатото.

Ќе чувствувате голем притисок за да ги надминете сите проблеми и недоразбирања со најблиските, а можно е да почнете да размислувате за нова сериозна љубовна врска, иако сè уште не се чувствувате целосно закрепнати од минатите неуспешни врски или од траумите.

Ако не сте сигурни дека сте подготвени да се соочите со последиците од сегашните одлуки, најдобро ќе биде да се повлечете во себе и да почекате некој друг, поповолен период за да си ги остварите соништата.

Вага

За вас април ќе биде најтешкиот месец во 2024-та година. Животот ви се менува од корен, а ретроградниот Марс ќе ве натера да почнете да размислувате како ви влијаат луѓето околу вас, и во колкава мера мора да се адаптирате на нивните барања.

Можни се конфликти и недоразбирања во кои ќе сакате да го имате главниот збор, а можно е да се навратите и на некои луѓе од минатото со кои работите останале недоречени.

За да го „преживеете“ периодов ќе треба да се потрудите да постигнувате компромис со луѓето околу вас и да обрнете внимание и на нивните потреби.

Тоа што ќе се промените и ќе почнете да се движите во друга насока, не мора да биде нешто лошо.

koi-4-znaci-kje-bidat-najsilno-pogodeni-od-retrogradniot-merkur-ovoj-mesec-i-shto-mozhe-da-ochekuvaat-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Зошто животот ви изгледа здодевен и монотон, според хороскопскиот знак? Девици, вашите вештини за организација се ништо помалку од импресивни. И, иако м...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Една работа со која сами си го уништувате животот, според месецот на раѓање Ако сте родени во февруари, она што најмногу ве кочи е тоа што живеете во минато...
4 месеци во кои се родени луѓе кои наскоро ги очекува можност што не смеат да ја пропуштат Ако сте родени во јуни, наскоро дефинитивно ќе ви се пружи можност која ќе ви го...

Најчитани неделава