Кој е вашиот најголем (потиснат) страв за кој не сте свесни ниту самите, според хороскопот?

koj-e-vashiot-najgolem-potisnat-strav-za-koj-ne-ste-svesni-nitu-samite-spored-horoskopot-02.jpg

Вага

За Вагите се најважни мирот, љубовта и меѓусебното разбирање. Тие сакаат постојано да постигнат баланс во секоја област во животот и секогаш внимаваат на емоциите на другите луѓе.

Најголемиот страв им е дека некогаш може да донесат одлука или да направат нешто со што ќе ги повредат чувствата и емоциите на другите луѓе.

Секогаш стравуваат дека ако го направат тоа што го сакаат, некој друг ќе биде несреќен или ќе се чувствува мизерно заради тоа.

Скорпија

Секогаш сте подготвени да се соочите со проблемите што доаѓаат во животот и верувате дека никогаш не може сѐ да биде под конец затоа што длабоко во себе знаете дека животот не е фер.

За сѐ што ќе ви се случи, се трудите да бидете позитивни и во најтешките мигови да бидете достоинствени и со насмевка на лицето.

Стравувате дека нема да успеете во тоа да ја задржите маската и дека луѓето ќе сфатат дека понекогаш сте несигурни и уплашени од иднината.

Стрелец

На сите им е јасно дека вие сте слободна личност што се бори да стане независна и да го живее животот по свои правила.

Сакате сите да сфатат дека животот што ќе го изберете за вас може само да ве направи подобра личност и дека сте способни самите да носите добри одлуки и решенија за проблемите.

Најголемиот страв ви е дека некој ќе се обиде да ве контролира и да ве ограничи или нема да ви дозволи да ги следите сопствените соништа и да го остварите она што сте го замислиле.

Јарец

За вас главна мотивација се целите што си ги поставувате, па затоа напорно работите за да ги остварите.

Копнеете да се најдете на врвот, заради сопствениот труд и посветеност.

Но, најмногу од сѐ стравувате дека луѓето нема да ја препознаат вашата визија, дека ќе го занемарат вашиот труд и ќе ви замерат дека не сте доволно добри во тоа што го правите.

Водолија

Важите за мирни личности кои секогаш се во потрага по внатрешниот мир. Сакате да им помогнете на другите луѓе и да бидете тука за нив кога им треба помош и поддршка.

Понекогаш се плашите дека нема да бидете во можност да бидете тука за саканите кога ќе им бидете потребни и дека другите луѓе нема да можат да ги сакаат и да им ја дадат грижата што им ја давате вие.

Риби

Рибите се многу креативни и чувствителни, а им пречат критики или кога некој нема да го препознае нивниот труд што го вложиле.

Тие длабоко во себе се плашат од несогласувања и конфронтации и секогаш кога прават нешто, стравуваат дека некој ќе им најде замерки за она што дотогаш го сработиле.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
На што да се фокусирате до крајот на 2025-та, според хороскопскиот знак? Скорпии, главниот фокус до крајот на годината треба да ви биде вашата флексибилн...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава