На 29-ти јуни почна ретрограден Сатурн: Со какви проблеми ќе се соочи секој хороскопски знак?

Близнаци, вашите емоции, вклучувајќи ги и негативните, ќе бидат поизразени и ќе ви биде тешко да се ослободите од лошите мисли.

na-29-ti-juni-pochna-retrograden-saturn-so-kakvi-problemi-kje-se-soochi-sekoj-horoskopski-znak-01.jpg

Во астрологијата, Сатурн е планетата на ограничувањата, одговорностите, справувањето со предизвиците…

Сатурн влијае врз растот и развојот на секој хороскопски знак.

Од 29-ти јуни до 15-ти ноември, Сатурн е во ретроградно движење, а ова значи дека хороскопските знаци веројатно потешко ќе се справуваат со предизвиците во овој период.

Што можете да очекувате за време на ретроградниот Сатурн според вашиот хороскопски знак?

Овен

Како амбициозна личност, вие самоуверено се движите кон вашите цели.

Но, со ретроградниот Сатурн, веројатно ќе имате поинтензивни емоции и повеќе фрустрации бидејќи нема веднаш да ги видите очекуваните резултати.

Овој период добро размислете кои битки вреди да ги водите и кои промени треба да ги направите за да се придвижите напред.

Бик

За вас, ретроградниот Сатурн всушснот ќе има добро влијание.

Вие не бегате од тешките предизвици и ги гледате како можност за учење.

Јасно ви е дека некогаш треба да забавите, а периодов ќе треба да го направите токму тоа.

Добро размислете за вашите лични цели и што е она што ви дава поттик, а обрнете внимание и на односот со другите.

Близнаци

Обично вие сте склони на анксиозност и замор.

Со ретроградниот Сатурн, овие работи можат да станат поизразени, а вашите емоции поинтензивни.

Почесто ќе се сомневате во себе и некогаш ќе ви биде тешко да се ослободите од негативните мисли.

Пробајте да ги контролирате овие мисли, немојте да бидете премногу строги кон себе и ќе го преживеете периодот без некои големи проблеми.

Рак

Вие сте личност која не се плаши од емоции, но обично се фокусирате на луѓето околу вас.

Искористете го ретроградниот Сатурн за да ја насочите рефлексијата кон себе.

Размислете за досегашните искуства, за грешките и успесите и што можете да научите од сето ова.

На почетокот може да ви биде тешко да се соочите со некои работи, но тие се неопходни за вашиот раст и развој.

Лав

Вие сте спонтани и експресивни, а лојалноста ви е една од најважните особини и кај вас, и кај другите луѓе.

За време на ретроградниот Сатурн, најверојатно ќе сфатите дека не секоја ја заслужува вашата лојалност.

Добро би било да размислите и на кои работи вреди да се фокусирате, а кои се само губење време.

Девица

Вие сте перфекционист и постојано анализирате сè околу себе, а најмногу вашите постапки и мисли.

Но, за време на ретроградниот Сатурн, ќе бидете премногу критички настроени кон себе и можно е да изгубите контрола.

Додека трае овој период, пробајте да бидете подобри кон себе и повеќе фокусирајте се на вашите успеси и позитивни страни.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

5 хороскопски знаци кои живеат во хаос (и не знаат поинаку) Близнаци - Додека другите се дават во драмата, тие буквално „сурфаат“ низ н...
4 хороскопски знаци кои се борат да се вклопат во средината (и зошто) Перфекционистите на Зодијакот, Девиците тешко се помируваат со какви било соција...
4 хороскопски знаци кои ќе пронајдат љубов пред новата 2026-та Тврдоглавоста често ве спречува да се опуштите во љубовта, но вистинската личнос...
Три хороскопски знаци кои ќе доживеат финансиски бум до март 2026 Првите три месеци во 2026-та година може да донесат ненадеен финансиски пресврт,...
3 хороскопски знаци на кои ќе им падне камен од срце во февруари (и ќе им дојдат полесни денови) Кои хороскопски знаци после долг период на грч и стрес конечно ќе почнат да диша...
3 хороскопски знаци кои најмногу се радуваат на туѓата несреќа Близнаците откако ќе дознаат за туѓа несреќа, почнуваат да се јавуваат кај прија...

Најчитани неделава