6 хороскопски знаци на кои им е тешко да му останат верни на партнерот (и зошто)

Најголем проблем на Скорпиите е љубомората. Кога ќе се убедат дека партенрот ги изневерува, дури и ако не е така, тие бараат начин да му се одмаздат...

6-horoskopski-znaci-na-koi-im-e-teshko-da-mu-ostanat-verni-na-partnerot-i-zoshto-01.jpg

За повеќето, неверството значи крај на врската бидејќи ја разнишува довербата меѓу партнерите.

Сепак, некои луѓе се посклони кон неверство, без разлика што се свесни дека го повредуваат партнерот.

А, според астролозите, има неколку хороскопски знаци во кои се раѓаат луѓето кои е најверојатно да изневерат.

Не значи дека сите луѓе родени во овие знаци изневеруваат, но повеќето се склони или барем помислуваат на неверството како опција.

Кои знаци спаѓаат овде?

Овен

Овните можат да бидат верни партнери, но тие се полни со страст и некогаш ова ги тера да бараат љубов ви надвор од врската.

Сакаат да флертуваат и кога им е забавно, како да забораваат дека го повредуваат партнерот.

Стрелец

Луѓето родени во знакот Стрелец се независни и тешко им е да се „смират“ со една личност.

Желни се за авантури, нови искуства, нови познанства, но и нови романтични партнери.

Поради ова, некогаш им е тешко да му останат верни на партнерот.

Рак

Раковите се грижливи личности, некогаш и премногу, а ова ги прави ранливи.

Тие се плашат дека некој ќе ги повреди и ќе им го скрши срцето, па тешко им е да му се посветат на еден партнер.

Па, можно е да го изневерат партнерот за кој не се сигурни дека е вистинскиот.

6-horoskopski-znaci-na-koi-im-e-teshko-da-mu-ostanat-verni-na-partnerot-i-zoshto-02.jpg

Скорпија

Скорпиите како да се преродуваат кога се во стабилна и среќна врска.

Но, нивен најголем проблем е љубомората.

Кога се љубоморни, не размислуваат рационално, се убедуваат дека партнерот ги изневерува, па за да му се одмаздат, одлучуваат и тие да изневерат.

Близнаци

Како дружељубиви личности, на Близнаците им е тешко постојано да бидат опкружени со истите луѓе.

Некогаш ова важи и за нивните романтични партнери.

Ако не се најсреќни во врската, може да им стане здодевно, па да почнат да се гледаат со некој зад грбот на партнерот.

Девица

Како перфекционисти, на Девиците им е тешко да најдат партнер кој ги исполнува нивните високи стандарди.

Неретко тие се и многу критички настроени кон партнерот.

Ова, пак, некогаш ги тера да мислат дека партнерот не е доволно добар за нив, па се впуштаат во афери.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Една работа што хороскопските знаци никогаш не ја простуваат во љубовта Иако Близнаците уживаат во дебати и разговори, мразат кога некој ги провоцира, с...
7 месеци во кои се родени луѓето што не знаат да излажат (дури и ако пробаат) Родените во април се искрени до крајност. Отворено го кажуваат она што сите го м...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
5 хороскопски знаци чиј живот ќе тргне на подобро од 1 мај 2026 Под влијание на Меркур и Венера, од 1 мај 2026 година, пет хороскопски знаци ќе ...
Три хороскопски знаци кои ќе имаат најмногу среќа до крајот на јуни 2026 До крајот на јуни 2026 година, три хороскопски знаци би можеле да доживеат голем...
Во кои месеци од годината се родени луѓето кои „живеат за драма“? Кои се најдраматичните луѓе и обожаваат да слушаат за животите на другите, дури ...

Најчитани неделава