Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка

ljuboven-horoskop-za-septemvri-2024-vodolii-ako-ste-vo-dolga-vrska-mozhna-e-svrshuvachka-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Ако сте во нова врска, не очекувајте некоја голема промена во односот со партнерот и бидете трпеливи уште некој период.

Ако сте во подолга врска или во брак, месецот ќе помине генерално добро.

Нема да се соочите со некои посериозно проблеми, но може да ви биде тешко да најдете време за партнерот.

Ако сте сингл

Ако подолго време сонувате за сериозна врска, ќе треба да бидете трпеливи уште некој период.

Овој септември можни се неколку кратки авантури, дури и со зафатена личност, но нема да го сретнете „вистинскиот“.

Сепак, ова не значи дека треба да се изолирате и да губите надеж.

Скорпија

Ако сте во врска

Нема да ги воочувате грешките на партнерот бидејќи во првата половина од месецот ќе настојувате да го идеализирате.

Не е препорачливо да правите драстични промени во врската, но бидете реалистични и размислете што ви пречи.

До крајот на месецот можно е да се јават мали недоразбирања, но лесно ќе ги решите со искрен разговор.

Ако сте сингл

Ќе ве води желбата за авантура и овој септември ќе имате многу додворувачи.

Сепак, не брзајте да почнете врска и добро разгледајте ги вашите опции.

Месецов веројатно нема да најдете партнер за сериозна врска, но ќе ги идеализирате потенцијалните партнери, а поради ова може да бидете повредени.

Стрелец

Ако сте во врска

Во првата половина од месецот ќе сакате да најдете време за сериозен разговор со партнерот и да воведете некои промени.

Сепак, внимателно избирајте ги зборовите бидејќи не размислувате многу разумно.

Во втората половина од септември ќе успеете да го подобрите односот и да ставите крај на некои недоразбирања.

Ако сте сингл

Во првата половина од месецот можна е кратка авантура со личност што ќе ја запознаете онлајн. Но, ова нема да се претвори во нешто посериозно.

Во втората половина од септември, веројатно ќе кренете раце од намерата да најдете сериозен партнер, а токму тогаш среќата ќе ви се насмевне.

Па, бидете трпеливи.

Јарец

Ако сте во врска

Можни се големи промени во односот со партнерот за кои нема да можете да направите многу.

Додека да го стабилизирате односот, избегнувајте ги важните одлуки.

Кон средината на месецот ќе најдете решение за посериозен проблем и ова ќе ја врати хармонијата во врската.

Ако сте сингл

Ќе бидете водени од вашето срце, а ова може да ве направи склони кон грешки.

Па, добро размислувајте пред да направите што било.

Во втората половина од месецот можно е да почнете врска, но партнерот ќе инсистира да ја криете. Дајте си време да размислите што сакате понатаму.

Водолија

Ако сте во врска

Искористете го поволниот период и решете ги проблемите со партнерот.

Ако сте во долга врска, можна е и свршувачка, но само ако и двајцата сте навистина подготвени.

Доколку сте во брак, главниот фокус ќе ви бидат домот и семејството, ако имате деца.

Ако сте сингл

Ако овој септември сакате да си ги остварите желбите на поле љубов, ќе мора да преземете нешто.

Во текот на месецот ќе имате неколку шанси за љубов, па немојте да ги пропуштите.

Во втората половина од септември можно е да почне да ве привлекува познаник од работа и да почнете да се гледате со него.

Риби

Ако сте во врска

Септември може да ви донесе проблеми на поле љубов бидејќи ќе го стави односот со партнерот на тест.

Во зависност од тоа колку е долга вашата врска, може ќе треба вистински да се потрудите за да ја одржите во живот.

До крајот на месецот ситуацијата ќе се смири и ќе знаете што точно треба да правите.

Ако сте сингл

Ќе почне да ве привлекува некоја личност, најверојатно познаник од интернет.

Ќе имате и други додворувачи, од кои дел ќе се покажат како добри потенцијални партнери за нешто посериозно.

Шансите за сериозна врска ќе се зголемат кон крајот на септември.



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Што сте биле според годината на раѓање во минатиот живот и што ве очекува во иднина? Дали верувате во минати животи и дали мислите дека сегашниот живот може да биде ...
Љубовен хороскоп за јуни 2024: Јарци – Ќе бегате од партнерот, Водолии – Минатото ве прогонува Рак – Јуни ќе ви донесе целосен пресврт на љубовен план и ќе ви стане јасно дека...
4 хороскопски знаци кои го губат своето „јас“ кога се во врска Стрелци, вие имате проблеми со самодовербата, а поради ова неретко го губите сво...
Еротски хороскоп за 2024: Кој ќе биде склон на афери и прељуби, а кој е опседнат со „сродната душа“? Бик - Ќе сакате да дознаете што е можно повеќе за скриените желби и фантазии на ...
Колку „вистински“ љубови ќе имате во животот, според хороскопскиот знак? Близнаци - По природа се љубопитни и авантуристи и без разлика дали се во врска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg