Хороскопските знаци рангирани од најдобриот до најзлобниот

horoskopskite-znaci-rangirani-od-najdobriot-do-najzlobniot-02.jpg

Лав

Вие сте дружељубива и фина личност, сè додека некој не ви „згази на нерв“.

Тогаш ја покажувате вашата лоша, злобна страна и се претворате во друга личност.

Сакате да се осигурате дека оние кои ви згрешиле ќе зажалат.

Рак

Вие сакате да бидете добра личност, но со многуте искушенија околу вас, не ви оди најдобро.

Можете да направите многу добрина во текот на денот, но потоа да се исфрустрирате од нешто, па да „се истурите“ на првата личност со којашто ќе зборувате.

Девица

Вие сте забавна личност која им се допаѓа на другите.

Но, вие сте и злопамтило. Штом некој ќе ви згреши, не ви е доволно да му се одмаздите еднаш и способни сте да го малтретирате со години.

Овен

Колку и да не сакате да си признаете, вие имате цела палета лоши карактеристики.

Лажење, изневерување, искористување на другите – како да не постои лоша карактеристика што не сте ја покажале.

Но, барем имате добра смисла за хумор на која се гордеете.

Јарец

Вие сметате дека е залудно да трошите време правејќи добро и верувате дека ако некој има проблеми, самиот си е виновен за нив.

Не сакате да им помагате ни на најблиските, а кога ќе повредите некого, наоѓате начин да ја префрлите вината.

Скорпија

Од сите знаци во зодијакот, вие имате потенцијал да бидете најзлобни.

Можеби не пробувате да им наштетите на другите, но ладнокрвни сте и не мрднувате со прст дури ни за најблиските.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Една работа која потајно чекате да се случи, според месецот на раѓање Ако сте родени во јануари, тогаш веројатно чекате некој да си го покаже неговото...
4 месеци во кои се родени луѓето кои носат „маска“ на лицето (и зошто го прават тоа) Еден од овие месеци е ноември. Луѓето родени во ноември често ја гледаат ранливо...
Хороскоп стар 4.000 години открива која лекција треба да ја научи секој знак Најстариот хороскоп во светот, пронајден во Вавилон, не предвидува што ќе ви се ...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Хороскопски знаци кои памтат сè, па дури и работите што сакате да ги заборават На некои хороскопски знаци ништо „не им бега“, без разлика дали станува збор за ...
5 хороскопски знаци кои во 2026-та ќе го најдат својот вистински пат Скорпии, во новата година ќе ви стане јасно што е она што ве кочи во животот. Мо...

Најчитани неделава