6 хороскопски знаци кои може да останат пријатели и откако ќе ја раскинат љубовната врска

Раковите премногу се грижат за другите, па и откако ќе раскинат, знаат да бидат тука за нивните претходни партнери, да даваат совети, да комуницираат ... 

6-horoskopski-znaci-koi-mozhe-da-ostanat-prijateli-i-otkako-kje-ja-raskinat-ljubovnata-vrska-01.jpg

Кога љубовната врска не функционира, двајцата партнери се разделуваат и секој тргнува по своја патека.

Но, на некои личности збогувањето со минатото не им е толку лесно, па, и покрај тоа што прекинале да „летаат љубовни искри“, сепак, тие продолжуваат да се грижат, остануваат во контакт и тука се за сè што ќе им биде потребно.

Според астрологијата, следниве 6 хороскопски знаци остануваат пријатели со бившите:

Стрелец

Вие не сакате да бидете врзани за некоја личност и врските најчесто ви се лежерни. Ако личноста со која ја раскинувате врската е подготвена, вие секогаш сте отворени и понатаму да останете пријатели. Па, којзнае што ни носи времето понатаму?

Близнаци

По раскинувањето, најверојатно вие сè уште ќе комуницирате на социјалните медиуми и одвреме-навреме ќе наидувате на некои објави поврзани со вас.

Уживате во нови искуства, но сакате да останете поврзани и со старите. Немате многу проблем да го одделите вашето романтично минато од потенцијалното ново пријателство.

Вага

Иако непосредно по раскинувањето на врската можеби ќе направите мал чекор наназад, сепак, нема да помине долг период за повторно да стапите во контакт.

И понатаму ќе се сеќавате на сите позитивни особини што ги имал/а бившиот/бившата и ќе сакате да бидат дел од вашиот живот…

Водолија

Луѓето не разбираат колку ви е важно пријателството. Многупати избегнувате врска со одредени личности затоа што не сакате да ги нарушите добрите односи.

Многу често врските ви се засновани на пријателство, па не е невообичаено во вашето друштво да има личности со кои сте се забавувале во минатото.

Риби

Риби, вам ви е тешко целосно да се оддалечите од личностите со кои сте се забавувале. Вие се присетувате на убавите моменти што сте ги имале и ја мразите помислата дека ќе ги изгубите.

Исто така, се борите со стравот дека раскинувањето можеби е погрешен избор и сакате да одржувате врска со бившите партнери, во случај и двајцата да сакате повторно да се состанувате…

Рак

Ракови, вам ви е тешко да ги оставите врските назад. Додека еден дел од вас сака целосно да ја исклучи личноста од животот, сепак, не можете да останете на ова долго време.

Вие се грижите многу за оние кои ги сакате, а тоа едноставно не може да исчезне само затоа што ви се нарушила романтичната врска.

Вие сè уште сте тука доколку личностите од минатото сакаат да позборуваат со вас или е потребен некој совет.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто не најдовте љубов во 2025-та, според месецот на раѓање? Вашата тврдоглавост, вашите преголеми амбиции или стравот дека ќе бидете повреде...
Една уникатна особина која ви е како тајно оружје, според месецот на раѓање Март – благодарение на вашата изразена интуиција, некогаш делувате како видовита...
Најголемата грешка што ја правите во љубовта, според месецот на раѓање Оние кои се родени во декември, секогаш бараат проблеми, додека родените во јану...
Една ваша особина што најмногу ги плаши другите, според месецот на раѓање Ако сте родени во април, вие сте избувлива личност и другите не сакаат да бидат ...
Годишен хороскоп за 2026: Водолија На професионално поле, 2026-та ќе ви донесе подеми и падови. Но, во љубовта вист...
Љубовен хороскоп за јуни 2026: Раковите може да ги очекува развод, Вагите „паѓаат“ на личности кои б... Голем дел од знаците може да имаат здодевна врска, исполнета со монотонија, но и...

Најчитани неделава