5 хороскопски знаци кои раскинуваат преку порака (и немаат грижа на совест)
Од Бикови може да очекувате порака како „еј, треба да зборуваме“, а потоа следи цел реферат. Стрелците пак, кога ќе решат дека е време да откачат некого, сакаат тоа да го завршат најбрзо што можат, преку една кратка порака за крај.
Раскинувањата никогаш не се лесни, но има неколку хороскопски знаци кои завршуваат работа преку порака.
Некогаш пораката ќе биде само „треба да зборуваме“, некогаш ќе бидат реферати, а некогаш јасно ќе гласи „мислам дека е време за крај, не ме барај“.
Најчесто овие знаци немаат грижа на совест за ова и сакаат полесно да си ја завршат работата, наместо да се соочат очи во очи со партнерот.
Дали вие припаѓате во оваа група? Погледнете:
Близнаци
Близнаците сакаат да се допишуваат, посебно кога ќе дојде време за тешки и непријатни разговори.
Тие се експерти во раскинување преку порака, која ќе биде долга како ферман.
Може да очекувате порака како „еј, треба да зборуваме“, а потоа следи цел реферат.
Ако се обидете да им се спротивставите, ќе ја свртат на хумор или ќе се однесуваат како да не е ништо страшно – за нив ова е само уште еден обичен разговор.
Водолија
Водолиите се опседнати со логика и независност, па емоциите се нешто со што не би се соочувале.
Кога ќе одлучат да раскинат со некого, не ги превртуваат зборовите, тие се кратки и директни, па пораката им е повеќе како соопштение од типот „Еј, мислам дека е најдобро да се разделиме, ти посакувам се најдобро“.
Подобро им е да вмешуваат емоции и да избегнат драма на секој можен начин, а ако им се спротивставите и барате разрешница, очекувајте ладен одговор кој ќе ве остави уште позбунети.
Стрелец
Стрелците сакаат слобода, авантура и сакаат работите да им се случуваат лесно и опуштено.
Кога ќе решат дека е време да откачат некого, сакаат тоа да го завршат најбрзо што можат, преку една кратка порака за крај.
Сосема неочекувано, само ќе напишат нешто од типот „мислам дека не сме еден за друг и подобро да продолжиме по свој пат“, како да било тоа некоја обврска која заборавиле да ја завршат па во последен момент ја решаваат.
Не е дека не им е гајле, но не сакаат да влечат емоционален багаж и не сакаат никој потоа да ги влече и моли.
Ако се обидете да ги седнете да разговарате, или ќе менуваат тема или целосно ќе исчезнат и ќе почнат да ве игнорираат, оставајќи ве со уште повеќе прашалници.
Овен
Овните се од оние луѓе кои се нетрпеливи, силни и импулсивни, а двоумењето не е нивна одлика.
Ако почувствуваат дека врската не им оди, нема да губат време, туку веднаш ќе стават крај.
Ќе пратат порака од типот „Мислам дека ова веќе не оди, доста е“, а дури можеби и ќе бидат подрски, за што ќе се каат, но нема да признаат.
Дејствуваат брзо и често не сфаќаат дека оставаат емотивен хаос зад себе, а ако понатаму се покајат за одлуката, ништо чудно да ви пишат неколку месеци подоцна, како ништо да не се случило.
Јарец
Кога станува збор за раскинување по порака, Јарците го прават ова со елеганција, на културен начин и дури и преформално.
Очекувајте порака од типот „Размислував долго и сметам дека ова веќе не функционира добро на долгорочен план. Ти посакувам сè најдобро“.
Без никаква драма, хаос, културна и добро структурирана порака, која повеќе личи на давање отказ отколку раскинување љубовна врска.
Изгледаат ладно, но сакаат така да ги завршат работите, па не очекувајте да се навраќаат на минатото и да ги фатите на емотивност.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





