6 хороскопски знаци кои уживаат кога се сингл + 6 кои не можат да преживеат сами
Додека Скорпиите уживаат во сингл животот и самотијата, на Лавовите им треба партнер кој ќе ги опсипува со љубов и комплименти.
Некои луѓе не можат да си го замислат животот без партнер и се чувствуваат како нешто да им недостасува кога се сингл.
Други, пак, иако можеби сакаат да се во врска, воопшто не им пречи сингл животот и знаат како да уживаат во самотијата.
Каде спаѓате вие, според хороскопскиот знак?
Шест знаци кои уживаат кога се сингл:
Скорпија
Скорпиите сакаат да се во врска со партнер кој вистински ги разбира. Па, ако во моментот не можат да го најдат, воопшто не ми пречи да бидат сами.
Тие сакаат да се „изгубат“ во своите мисли и вистински уживаат во самотијата.
Ако некој им го привлече вниманието, ќе му дадат шанса, но подобро би биле сингл отколку со погрешен партнер.
Девица
Девиците ја ценат својата слобода, како и времето што го имаат за себе. Одговорни се и организирани, што некогаш може да се манифестира со опсесија за работа.
Иако често се опкружени со луѓе, приоритет им е да имаат време за себе.
Бидејќи ја сакаат самотијата, а имаат и високи стандарди, може да им биде предизвик да најдат соодветен партнер, па подобро им е кога се сингл.
Рак
На раковите им годи и да се во врска, и да бидат сингл.
Грижливи се и секогаш обрнуваат внимание на луѓето околу нив, но исто така сакаат да бидат и сами дома, каде се чувствуваат најсигурно и најбезбедно. Чувствителни се и можат да бидат затворени ако некој ги повреди.
Потребен им е партнер кој вистински ги разбира и ќе ги поддржува, па ако не можат да го најдат, посреќни се сингл.
Риби
Рибите можат да бидат мошне среќни во врска, но за да се заштитат, почесто одбираат да се сингл.
Тие се креативни и емотивни луѓе на кои никогаш не им е здодевно ако се сами. Некогаш им треба внимание, но добиваат доволно и без партнер.
А, дури и кога се во врска, знаат да се изолираат од партнерот и да се губат во своите мечти.
Стрелец
Стрелците се познати по желбата за независност и во животот приоритет им се авантурите.
Ако се во врска, сакаат партнер кој ќе ги поддржува и кој ќе ги придружува на овие авантури, а не е лесно да најдат таква личност.
Дури и да се вљубени, ако партнерот е спротивност на нив, ќе го остават бидејќи знаат дека ќе бидат посреќни сингл.
Овен
Овните брзо се вљубуваат, но уште побрзо губат интерес. Поради ова, настојуваат да бидат сингл. Често се премислуваат и главно им е тешко да се замислат со партнер на подолг период.
Па, не брзаат и уживаат во сингл животот додека не најдат личност која ќе ги исполни сите нивни очекувања.
Дотогаш, сакаат целосно да си се посветат на себе.
На следната страница, шест знаци кои мораа да бидат во врска …
Би можело да ве интересира:





