Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


6 хороскопски знаци кои уживаат кога се сингл + 6 кои не можат да преживеат сами

6-znaci-koi-uzhivaat-koga-se-singl-6-koi-ne-mozhat-da-prezhiveat-sami-02.jpg

Близнаци

Близнаците се најдруштвениот знак во зодијакот, најмногу уживаат во друштво и може да се чувствуваат навистина осамено ако се сингл.

Дури и ако имаат многу пријатели, потребно им е внимание од романтичен партнер.

Ако се сингл подолг период, можат да бидат меланхолични бидејќи сметаат дека им недостасува важен дел од животот.

Сепак, кога не можат да најдат партнер, колку-толку наоѓаат утеха во дружбите со пријателите.

Лав

Лавовите се најсреќни кога се во врска бидејќи копнеат по внимание и комплименти. Сакаат да се во центарот на вниманието и сметаат дека партнерот секојдневно ќе ги става на пиедестал.

Лавовите обично имаат многу пријатели, но покрај себе скоро секогаш имаат и партнер.

Мразат да се сингл, па подготвени се да останат и во несреќна врска, само за да добиваат барем малку повеќе внимание.

Вага

Вагите се социјални личности и најсреќни се кога се во интеракција со други луѓе. Иако не им пречи да бидат сами, ако ова трае предолго, почнуваат да се чувствуваат осамено и депресивно.

Кога, пак, се сингл, ќе излегуваат секојдневно само со надеж дека ќе си најдат партнер.

Но, тие не сакаат каква било врска, туку сакаат да најдат партнер кој вистински ќе ги разбере и штом ќе го најдат, го даваат најдоброто од себе за врската.

Јарец

Одвреме-навреме, Јарците уживаат во самотијата и имаат периоди кога сакаат да се сами, и периоди кога им треба интеракција со луѓе.

Но, и покрај тоа што го сакаат времето за себе, секогаш им треба близина каква што може да им понуди само партнер, со цел да не се чувствуваат осамено.

Сакаат да се во врска и секогаш копнеат за партнер кој ги разбира, но и кој ќе им помага и ќе ги поддржува и во најлудите цели.

Водолија

Водолиите секогаш се посреќни во врска отколку кога се сингл, најмногу бидејќи сакаат да ги споделуваат своите идеи и совети знаење со личност којашто вистински ја ценат.

Сакаат да минуваат и време сами, но секогаш им треба и партнер кој ќе биде покрај нив.

Однадвор може да делуваат како постудени луѓе кои повеќе сакаат да се сингл, но потајно секогаш копнеат за врска исполнета со љубов и разбирање.

Бик

На Биковите им требаат луѓе во животот, особено романтичен партнер, за да се чувствуваат смирено и поврзано. Па, ако се сингл подолг период, секако дека ќе се чувствуваат осамено.

Иако можат да се снајдат и сами, кога се во врска, пробуваат да го дадат најдоброто од себе не само во љубовта, туку и во другите аспекти во животот.

Најсреќни се кога имаат партнер кој им помага да си ја зголемат самодовербата.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Хороскопски знаци кои најуверливо ве лажат (но, имаат добра причина за тоа) Близнаци – кога лажат, тие се мотивирани од нивната емпатија и сочувство и тоа н...
3 хороскопски знаци кои секогаш мора да се во право кога се во врска Со нив е тешко да се излезе на крај, зашто, колку и да се заљубени и си го сакаа...
Совршени зимски дестинации низ Европа за секој хороскопски знак Овен – Лондон со својата дива енергија е нивниот духовен дом. Овен – Лондон с...
Хороскопски знаци кои најверојатно ќе ја раскинат љубовната врска во 2025-та Бик - Кога се во сериозна врска, партнерот секогаш им е на прво место, но во 202...
Хороскопски знаци кои повеќе се приврзани за кучињата, отколку за луѓето Јарците многу често мислат дека другите луѓе може да ги издадат и дека не можат&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg