Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Љубовен хороскоп за јуни 2025: Овни – одолејте на желбата за тајна врска со зафатена личност

ljuboven-horoskop-za-juni-2025-ovni-odoleete-na-zhelbata-za-tajna-vrska-so-zafatena-lichnost-02.jpg

Вага

Ако сте слободни:

Личноста на којашто ѝ се допаѓате ќе се обидува да ви се додворува, но вие ќе делувате премногу нестрпливо. Овој месец ни самите нема да знаете што сакате и што би очекувале од потенцијалните партнери.

Сепак, кон крајот на месецот мислите ќе ви се расчистат и токму тогаш ќе запознаете личност која ќе ги исполнува сите ваши критериуми. Па, сосема возможно е да почнете врска.

Ако сте во врска:

На почетокот од месецот партнерот веројатно ќе нема многу разбирање за вашите потреби, а ова може да води до конфликти. Нема да биде од помош и вашето однесување – ќе ви биде тешко да го контролирате гневот и ќе го провоцирате партнерот.

Добро би било да минувате повеќе време заедно – идеално, да отидете не патување. Заедничките мигови ќе ви помогнат да се потсетите зошто сте заедно и ќе ве натераат конечно да најдете решение за проблемите што ве мачат и двајцата.

Скорпија

Ако сте слободни:

Можна е средба со поранешен партнер за кој не сте сигурни дали сте го преболеле. Но, најверојатно нема да бидете многу заинтересирани да ѝ дадете уште една шанса на врската.

Некои Скорпии може да почнат тајна врска со зафатена личност – ако размислувате за нешто вакво, внимавајте бидејќи ќе ви создаде многу компликации во животот. Подобро не ризикувајте бидејќи кон крајот на јуни можно е да сретнете личност која е многу попогодна за романтична врска.

Ако сте во врска:

Веќе некој период односот со партнерот не е најдобар, пред сè поради недовербата што ја чувствувате двајцата. Потребно е искрено да разговарате и отворено да ги преиспитате заедничките планови.

Покажете му на партнерот дека можете да најдете подобар пат до заедничката среќа. До крајот на месецот ќе го подобрите односот, но не очекувајте партнерот да ве разбира за буквално сè и бидете пореалистични со вашите барања.

Стрелец

Ако сте слободни:

Имате силна желба да почнете врска, но пред да го предложите тоа, осигурете се дека и личноста што ви се допаѓа го чувствува истото. Во текот на јуни можно е да запознаете личност која многу ќе ви се допадне бидејќи ќе се разликува од вашите досегашни партнери.

Не брзајте со важни одлуки бидејќи месецов ќе имате неколку шанси за нова романса. Не влегувајте во ништо сериозно додека добро не ги запознаете потенцијалните партнери и периодов дозволете си да уживате и да се забавувате.

Ако сте во врска:

Некои случувања на љубовен план можат да ви предизвикаат немир. Ќе бидете под влијание на силни емоции, па често ќе го менувате расположението и ќе бидете неодлучни. Ќе сакате да го усреќите партнерот, но нема да бидете сигурни како.

Ќе треба да одвоите време за искрен разговор и да ги споделите вашите критериуми, потреби и желби, но и да направите план за реализирање на вашите заеднички планови и желби.

Јарец

Ако сте слободни:

Сакате нов партнер, но не сте подготвени да прифатите кого било. Моментално потребна ви е личност која ќе може да ја разбере вашата желба за професионален напредок и на која нема да ѝ пречи кога работите до доцна. Сакате партнер кој нема да биде посесивен.

Периодов нема да ви биде лесно да најдете ваква личност, па не се оптоварувајте со помислата дека мора да почнете врска. Додека да го сретнете вистинскиот, во ред е да се фокусирате и само на работата и личните цели.

Ако сте во врска:

Овој јуни ве очекуваат и убави моменти, и проблеми со партнерот. Нема да ви недостасуваат страсни моменти, но можни се и конфликти. Важно е да ги контролирате емоциите, а во мигот кога ќе се појави проблем, веднаш да му најдете решение и да не дозволите да ескалира.

До крајот на месецот ќе успеете да ја вратите хармонијата во односот. Не плашете се да му поставите и нови услови на партнерот кој сигурно ќе покаже разбирање.

Водолија

Ако сте слободни:

Периодов минувате низ различни фази во љубовниот живот и во текот на целиот месец можете да очекувате променливо расположение. Некогаш ќе ви изгледа како да немате ни волја ни сила за нова врска и емотивна конекција со некој друг. Но, во други моменти ќе ви се чини дека сè е возможно и можете да си ја исполните секоја желба на љубовен план.

Додека да се стабилизирате, избегнувајте ги важните одлуки и не брзајте да почнете врска со личност која не ја познавате. Следниот месец ситуацијата бил требало да се подобри.

Ако сте во врска:

Ќе ви годи сентименталноста на партнерот и главно ве очекуваат позитивни промени во заедничкиот живот. Ќе сакате да флертувате со партнерот, постојано ќе се заведувате и ова ќе ви помогне да се зближите уште повеќе.

Целиот месец ќе ви помине мошне добро, но ќе треба да го дадете најдоброто од себе за да ја зачувате хармонијата во врската. Ако долго време сте во брак, можни се и некои мали проблеми, но со разговор брзо ќе ги решите.

Риби

Ако сте слободни:

Месецов ќе бидете расположение за љубовни авантури. Можно е да се соочите со променливо расположение, но секогаш ќе знаете што точно сакате.

Излегувајте почесто бидејќи можно е да го сретнете следниот партнер преку заеднички пријатели. Ако месецов планирате да патувате во странство, голема е веројатноста таму да ја сретнете новата љубов.

Ако сте во врска:

Ќе чувствувате емотивна несигурност, но партнерот ќе има решение – само треба да го послушате. Ќе ви недостасува неодлучност и некогаш однесувањето на партнерот ќе ве иритира.

Ако дозволите ситуацијата да ескалира, можно е да чувствувате и поглем притисок од партнерот, што, пак, дополнително може да ви го влоши односот. За да ги решите заедничките дилеми, мора и двајцата да бидете трпеливи, но и да покажете желба да ставите крај на конфликтите.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за ноември 2024: Ракови - токсична личност од минатото ќе сака да ви се врати во жи... Бикови: Можно е работите да станат сериозни, па да ја официјализирате љубовта со...
Љубовен хороскоп за март 2025: Бикови - ќе запознаете личност која е совршена за вас, но е зафатена Близнаци: Личноста со која моментално го делите животот е многу вљубена во вас и...
Љубовен хороскоп за јули 2024: Стрелци - мечтаете за забранета љубов, Бикови - монотонија во бракот Близнаци - во јули можна е средба со некој кој живее во странство, а со кого сте...
Љубовен хороскоп за септември 2024: Водолии – ако сте во долга врска, можна е свршувачка Љубовните проблеми на Биковите ќе станат поизразени, додека Близнаците ќе уживаа...
Љубовен хороскоп за мај 2025: Лавови – саканата личност ви дава сила да пребродите тешки мигови Јарци - ви треба личност која ќе ги разбере вашите моментални работни ангажмани ...
Љубовен хороскоп за февруари 2025: Бикови – хармоничен однос со партнерот, Лавови – врска со зафатен... Девици – февруари ќе ви донесе промени во односот со партнерот, но не мора да зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg