Една работа што најмногу ве погодува во срце, според хороскопскиот знак

Вага – да се изолирате
Вашата најголема желба е да сакате и да бидете сакани. Барате конекција насекаде во животот и сте познати како најромантичниот знак.
Но, зад ова се крие и огромна загриженост дека некогаш ќе се изолирате и ќе бидете осамени. Овој страв од осаменост некогаш ги контролира и вашите постапки.
Скорпија – да бидете напуштени
Иако однадвор не изгледа така, вие сте чувствителна и емотивна личност.
Но, генерално го криете ова бидејќи некогаш сте загрижени дека сте пречувствителни.
Самите како да се плашите од вашите емоции и не ни ја покажувате наклонетоста што ја чувствувате кон другите.
Стрелец – да стагнирате
Вие постојано трагате по авантура, но и некакво значење во животот. Не издржувате да сте на исто место и сметате дека животот треба да го поминете во движење.
Затоа, една од најголемите грижи во животот ви е да стагнирате. Страв ви е дека ако се „врзете“ за некое место или личност ќе ја изгубите смислата на вашиот живот.
Јарец – да станете неважни
Дисциплинирани и амбициозни, вие сте личност која успева да ги исполни сите свои цели. Благодарение на ова, секогаш уживате во почит и уважување од другите.
Но, истовремено, желбата да бидете најдобри е поттикната и од загриженоста дека ако не се трудите, ќе станете неважни, безначајни, дека ќе се претворите во личност која нема никаква вредност.
Водолија – одбивање
Вие сте личност со широки погледи и ретко кога следите правила. Иако сте свесни дека способноста да бидете свои ви е дар, неретко сте загрижени дека нема да бидете прифатени.
Се грижите дека сте премногу ексцентрични и затоа сите околу вас ќе ве одбиваат.
Риби – критики од другите
Вие делувате како смирена личност која не изгледа како премногу да се грижи за туѓите размислувања.
Но, истовремено, вие сте во допир со своите емоции и самокритични, па сериозно сте загрижени кога некој ќе ви упати критика.
Убедени сте дека критиката не била кажана напразно, а ова ве прави уште поемотивни.
Спирова С. | Црнобело