Љубовен хороскоп за август 2025: Девици - верувате дека партнерот не ви е верен и ќе правите љубоморни сцени

ljuboven-horoskop-za-avgust-2025-devici-veruvate-deka-partnerot-ne-vi-e-veren-i-kje-pravite-ljubomorni-sceni-02.jpg

Вага

Ако сте во врска

Во врската ќе се стремите кон рамнотежа и разбирање со партнерот - ова е поволен период да разговарате за нешто што подолго време ви тежи. Ви недостига иницијатива, но, се чини дека ни партнерот не се труди нешто премногу да ве разберете или задоволи, поради што ќе се најдете во дилема дали е време да ставите крај на врската.

Ако сте слободни

Ако сте сингл, овој август ќе добиете повеќе внимание отколку што очекувате. Ќе флертувате со неколку личности, но пред да изберете една од нив, ќе треба да решите што навистина сакате од идната врска. Некои Ваги ќе бидат постојано нервозни, а со своето однесување е можно да го оттргнат од себе потенцијалниот партнер.

Скорпија

Ако сте во врска

Страста овој август ќе биде силна, но истовремено може да предизвика љубомора или несогласување меѓу вас и саканата личност. Доколку нешто ви пречи, не ги задржувајте сомнежите во себе, туку подобро е сè да изговорите на глас. А ако однесувањето на партнерот ве нервира, запомнете дека и вие можеби допринесувате за тоа.

Ако сте слободни

Ако сте слободни, овој месец ќе запознаете личност што ќе ве фасцинира. Оваа средба ќе биде договорена преку заеднички пријатели, па можно е да се впуштите во врска со силна емоционална поврзаност од самиот почеток. Некои Скорпии, пак, ќе бидат во дилема - дали да изберат постар додворувач или некој што е многу помлад од нив.

Стрелец

Ако сте во врска

Овој август ќе сакате динамика во врската, но партнерот ќе бара посериозен пристап кон работите, што вам нема да ви се допадне. Некои зафатени Стрелци може да имаат кратка авантура додека се на патување и ќе направат сè за да ја скријат од партнерот.

Ако сте слободни

Слободните Стрелци, пак, ќе бидат поканети на патување или групна активност каде што ќе запознаат интересна личност. Љубовта овој месец може да дојде сосема неочекувано, на место каде што воопшто не помислуваат. Некои Стрелци ќе имаат средба со личност од минатото, која може да заврши со взаемни обвинувања и непријатност.

Јарец

Ако сте во врска

Овој месец ќе ви биде важно да покажете посветеност кон саканата личност, но и да добиете емоционална поддршка од партнерот. Ако го забавите темпото и се фокусирате на врската, ќе почувствувате вистинско задоволство. До крајот на месецот ќе решите и една голема дилема поврзана со личноста со која се гледате.

Ако сте слободни

Ако сте сингл, во август најверојатно ќе запознаете сериозна личност која има слични цели и бара исти вредности како вас. Ова може да биде почеток на нешто стабилно и долготрајно. Некои Јарци, пак, ќе бидат толку преокупирани со себе, што ќе пропуштат шанса да видат личност што е заинтересирана за нив.

Водолија

Ако сте во врска

Преокупирани сте со помислата дека треба да смените нешто во односот со партнерот. Ќе сакате нови доживувања – заедничко патување или некаква активност што ќе може да ви ја освежи врската. Време е да се фокусирате повеќе на саканата личност и да ѝ подготвите неколку пријатни изненадувања.

Ако сте слободни

Ако сте сингл, љубовта ќе дојде на необичен начин - познанство преку ново хоби, некој настан или онлајн средба. Не ја одбивајте личноста која на прв поглед ви изгледа дека е премногу различна од вас. Со својата харизма ќе привлечете личност за која никогаш не би можеле ни да помислите дека би се заинтересирала за вас.

Риби

Ако сте во врска

Во текот на месецов ќе бидете чувствителни, но и емотивно отворени кон партнерот. Може да се јави потреба за повеќе разбирање и блискост меѓу вас, која како да ја нема во последно време. Некои Риби преку ноќ ќе решат да прекинат врска со личноста со која се одамна заедно.

Ако сте слободни

Сингл Рибите овој август е можно повторно да се сретнат со личност која ќе им разбуди стари чувства, или пак да запознаат некој што им наликува на некој од минатото. Ова е месец на важни емоционални пресврти, но и време во кое е можно да најдете нова љубов. Што и да правите, не се ставајте себеси во центарот на приказната, туку дајте ѝ шанса и на личноста што пробува да ве освои, да дојде до израз и да ви покаже дел од себе.

А. Ј. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Љубовен хороскоп за мај 2026: Лавови - оваа пролет сте магнет за користољубиви личности Девици - ве делат граници со некоја драга личност, но време е за врска на далечи...
Љубовен хороскоп за април 2026: Овни - Ако ве привлекува личност што е зафатена, не ја „отпишувајте“... Некои Ракови ќе се осмелат да влезат во паралелна врска овој април, и тоа ќе го ...
Љубовен хороскоп за јануари 2026: Близнаци - ќе направите љубоморна сцена, само за да го тестирате п... Девици вам ви е поважна хармонијата отколку страста и токму на тој начин и ќе ба...
Љубовен хороскоп за февруари 2026: Близнаци – мора да расчистите со минатото, Бикови – паѓање во иск... Јарци - Пред вас е избор помеѓу сигурна врска и некој што ве интригира, но ...
Годишен хороскоп за 2026: Риби Љубовниот живот на Рибите во 2026 година ќе биде исполнет со силни емоции, но и ...
Љубовен хороскоп за ноември 2025: Бикови - ако сте во паралелна врска, можно е да излезе на виделина Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg