Финансиски хороскоп за август 2025: Кои знаци ќе „пливаат“ во пари, а кои ќе имаат загуба?

finansiski-horoskop-za-avgust-2025-koi-znaci-kje-plivaat-vo-pari-a-koi-kje-imaat-zaguba-02.jpg

Вага

На 7 август Марс ќе влезе во вашиот знак и ќе ве направи порешителни, па ќе направите неколку храбри финансиски одлуки и ќе ги браните сопствените интереси.

Ова ќе биде идеално време за склучување нови финансиски договори и активирање деловни иницијативи, кои ќе ви донесат повеќе пари.

Кон крајот на месецот бидете повнимателни, не сакате да се најдете во неповолна ситуација или да западнете во долг (банкарски или кон пријатели).

Скорпија

Престанете да ги одложувате разговорите за финансии со семејството/партнерот - заедно треба да донесете важна одлука, и тоа во првата половина на месецот.

Некои Скорпии може да остварат профит преку наследство, приход од партнерот или спонзорства.

Неочекуваниот прилив на пари може да ве изненади, но ќе ви ја отвори и вратата за поголеми помени во начинот на кој размислувате за финансиите.

Стрелец

По 12 август ќе доживеете позитивна промена на финансиско поле, затоа што Меркур го завршува својот ретрограден пат, па за вас ќе се отворат нови можности.

Можна е заработка преку неколку сектори - образование, меѓународни партнерства и креативни проекти.

Многу Стрелци ќе почувствуваат потреба да ја променат својата кариера, дури и професија, па ако ви се нуди подобро платена работа или имате можност да изградите ваш бренд и да инвестирате во долгорочни цели - направете го тоа.

Јарец

Месецов ќе мора да ги преиспитате плановите поврзани со службени патувања и инвестиции, бидејќи е можно да имате повеќе трошоци и загуба, отколку реална добивка.

Некои Јарци ќе бидат отворени за нова соработка, од која се надеваат дека ќе имаат финансиска добивка.

Во август повеќе фокусирајте се на штедење, отколку на трошење пари.

Водолија

Време е да ги смените вашите финансиски тактики - пробајте нешто ново, поинакво и бидете храбри па преземете дури и ризик ако треба.

Неконвенционалниот пристап, на кој не сте навикнати, месецов може да ви донесе значителна финансиска добивка.

Ако пак некој има заостанат долг кон вас, пари што сте ги позајмиле, а сте заборавиле дека сте ги дале некому - денес може да ви ги вратат.

Риби

Бидете внимателни со кого почнувате деловно партнерство, зашто се можни недоразбирања, скриени трошоци или нереални очекувања.

Ова може да доведе до финансиска загуба уште на почетокот на месецот, па да не можете да се „вратите“ во колосек уште неколку месеци потоа.

За секоја финансиска одлука водете се од вашата интуиција - ако сметате дека договорот не е „чист“, одбијте го.

А. Ј. | Црнобело / фото: Pinterest.com



Би можело да ве интересира:

Финансиски хороскоп за ноември 2025: Кои знаци ќе добијат повеќе пари, а кои ќе имаат загуба овој ме... Ноември ќе биде поволен месец на финансиски план за Лавовите, особено оние кои и...
Финансиски хороскоп за јуни 2026: Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат парична загуба? За Лавовите ова ќе биде финансиски нестабилен месец и постои можност за загуба, ...
Финансиски хороскоп за ЈАНУАРИ 2026 - Кои знаци ќе се збогатат, а кои ќе имаат проблеми со парите? Ракови - Овој месец вашите финансии повеќе ќе зависат од другите луѓе откол...
Финансиски хороскоп за април 2026: Кои знаци ќе се збогатат, кои ќе останат без пари? Бикови - Овој месец ќе бидете магнет за пари и можно е да имате финансиски прили...
Финансиски хороскоп за октомври 2025: Кои знаци ќе имаат загуба, а кои добивка овој месец? Октомври ќе биде неповолен месец на финансиски план за Овните, до толку што неко...
Финансиски хороскоп за декември 2025-та: Кои знаци ќе имаат пари, а кои ќе се соочат со загуба овој ... Близнаци - За вас ова е месец во кој е можна брза заработка, мал прилив од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg